Автор: инфодеск
Post Views: 252 Вечерва, 26-ти спроти 27-ти октомври започнува зимското сметање на времето.Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Известување за достапност на документ и јавна расправа план за управување на животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
Post Views: 162 за под-проектотОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“, КП бр.10246, КО Охрид 2, Охрид;ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ – ЛЕСКАЈЦА ОХРИД К.П. 14100/1 К.О. ОХРИД 3 и ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВAЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ООУ „Св.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, КО ОХРИД.Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување...
Струшкиот затвор ќе биде пренаменет во женски затвор
Post Views: 391 Казнено поправната установа од отворен тип која се наоѓа во населбата Теферич, во близина на градот Струга ќе биде реконструирана и наменета за сместување на женските осуденици од земјава. Планот е да се направи адаптација, подобрување на капацитетите, а потоа женското одделение од затворот Идризово да се префлри на Теферич.–Ги видовме состојбите ги видовме капацитетите ја реактуелизиравме идејата за отворање на компелтно женски затвор во Струга со тоа што би се преадаптирале, со тоа што овие затвореници ќе бидат преместени во друг затвор. Одма штом...
Денес ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца Струга 2024
Post Views: 229 Денес со почеток во 12:00 часот на летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се реализира 14-тото издание на Мултиетничкиот фестивал за деца Струга 2024.Влезот е слободен, а присутните ќе имаат можност да уживаат во изведбите на детски хор, играорни и групи за модерен танц, посочуваат организаторите.
Започна хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed”
Post Views: 313 Со натпреварите од 1 коло по групи, синоќа во салата „Билјанини извори” започна хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed”, кој се игра во чест на празникот 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот.Второто издание на турнирот на кој учествуваат 16 екипи беше отворено со куса церемонија и интонирање на химната на Македонија.На стартот на турнирот силите ги одмерија Хотел Инекс Олгица и РЕК Битола. Во интересен меч Хотел Инекс Олгица славеше со 3:2.Возбудувањата не изостанаа ниту на вториот натпревар...
Театарската престава “КУМОВИ” поради зголемениот интерес повторно на репертоарот во четврток
Post Views: 270 Театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ поради зголемениот интерес повторно на репертоарот во четврток 31.10.2024 година.Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и...
Свикана 47. седница на Совет на Општина Охрид
Post Views: 298 Четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид е предвидено да се одржи на ден 31.10.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот, во зградата на општина Охрид. За седницата е предложен следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седницаПредлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните...
Повлечени контејнерите од Грашница, граѓаните да не депонираат отпад на локацијата
Post Views: 199 Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона.–По завршувањето на туристичката сезона, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација, велат од јавното претпријатие.Контејнерите беа поставени наменски за време на туристичката сезона 2024 год., за полесно справување со...
Граѓански организации, месни заедници и граѓани бараат решавање на проблемот со депониите Буково и Мауцкер
Post Views: 229 Групацијата „Збогум Буково“ составена од 20-тина граѓански организации, пет месни заедници од општина Охрид и голем број загрижени граѓани, се организира да преземе мерки за ургентно решавање на проблемот со нестандардните депонии Буково и Мауцкер.-Во наредниот период со планираните активности сметаме на зголемување на бројот на поддржувачите на иницијативата и приклучување на поголемиот дел од граѓаните на Охрид и околните села. Првиот чекор е барање на средба со локалната самоуправа со цел уточнување на досега преземаните активности во насока решавање на...
Времето денес сончево со мала локална облачност и температури во Охрид до 19 степени
Post Views: 185 Времето денес сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Македонија ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 19 степени Целзиусови.Продолжува периодот на стабилно време со студени утра во кои температурите наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, се вели во соопштението од УХМР.
ЈП “Билјанини Извори”: Привршуваат активностите на фудбалското игралиште во поранешна Касарна
Post Views: 389 Привршуваат активностите поврзани со фудбалското игралиште во поранешна Касарна. Ова многу значајно спортско игралиште, посебно за жителите на тој делот од градот, кое децении беше запоставено и напуштено ќе добие нов лик и за брзо сите фудбалски клубови и школи ќе можат да го користат, се вели во соопштението од ЈП “Билјанини Извори”.Со предвидените активности ЈП “Билјанини Извори” со поддршка на Општина Охрид ги реализираа следните активности: расчистување на теренот, механичка обработка на теренот со рото фреза, ласерско порамнување...
Пронајден починат К.М од Струга по кого се трагаше
Post Views: 257 На 23.10.2024 година во 12 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Глобочица, кај месноста „Ѓурчин вир”, починат пронајден е К.М.(60) од Струга за кој на 21.10.2024 неговиот брат Љ.М.(62) пријави дека се оддалечил од домот, информираа од СВР Охрид.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, се вели во полициското соопштение.