Skip to main content

Автор: инфодеск

Cardboard boxes labeled keep, donate, and trash for effective home organization.

ЈП ,,Охридски Комуналец”: Охрид започнува селекција на текстилен отпад

Views: 237 Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид информираше дека нашата општина официјално потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што продолжуваат напорите за воспоставување на одржлив систем за управување со отпадот.Како што се наведува во нивното соопштение, наместо да завршува во мешаниот отпад, стариот и непотребен текстил отсега ќе може да се селектира во специјални контејнери поставени на повеќе локации:-еден контејнер во рамки на Охрид Мол;-контејнери во основните и средните училишта вклучени во програмата „Училишта без...

Продолжи со читање

Прекин вода

Денес прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци, селата Лескоец и Лакочереј

Views: 289 Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“ денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, с.Лескоец и с.Лакочереј.

Продолжи со читање

Света Варвара

Светата великомаченичка Варвара

Views: 212 Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна единствениот...

Продолжи со читање

Магливо утро, сончев и тивок ден со умерена облачност

Views: 208 Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.Денес во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Продолжи со читање

Новогодишен базар во Вевчани

Views: 235 На 26 декември на плоштадот во Вевчани, ЈОУДДГ „Планински Цвет“ организира Новогодишен базар.-И оваа година не очекува волшебен детски базар полн со насмевки и новогодишна магија, во организација на ЈОУДДГ „Планински Цвет“, дечињата и родителите, велат организаторите.Новогодишниот базар во Вевчани ќе биде збогатен со музика, забава, храна, креатицни изработки, аниматори и Дедо Мраз.

Продолжи со читање

Општина Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници

Views: 256 ‎Општина Охрид и оваа година подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, DJ Yuxell и DJ Bagzi. Музичкиот дел започнува во 20:00 часот.На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат...

Продолжи со читање

Утре премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“

Views: 234 Утре ќе се одржи премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска.Цена на карта 300 денари, почеток 20.00 часот.Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, и...

Продолжи со читање

„Волшебна елка“ во Охрид Мол: Заедно да ги исполниме новогодишните желби на децата од социјално загрозените семејства

Views: 230 Од Црвен крст Охрид информираат дека во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца -Ве очекуваат во посебни подготвен новогодишен пакет-кутија веднаш покрај големата новогодишна елка во Ohrid mall, велат организаторите. Тие изразуваат благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 11.12.2025 до денес учествуваат во оваа...

Продолжи со читање