Skip to main content

Автор: инфодеск

Следната година во Охридско Езеро ќе заплови уште еден патнички брод

Post Views: 722 Следната година во водите на Охридското езеро се очекува да заплови досега најголемиот патнички брод. Бродот со должина од 32 метри и тежина од околу 100 тони се гради веќе пет години и во моментов привршува изработката на челичната конструкција. Сопствениците најавуваат современ пловен објект со капацитет за превоз на 250 патници, безбеден и стабилен бидејќи лежи на два трупа.„Како проект е заверен во Биро Веритас, овластена компанија во Европа вклучително и Македонија, и ги задоволува сите стандарди. Проектот е на инженер Александар Ѓорѓевиќ од...

Продолжи со читање

Викендов почнува зимското сметање на времето

Post Views: 297 Викендов, 26-ти спроти 27-ти октомври започнува зимското сметање на времето.Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Продолжи со читање

Експлозија во фабриката на Тојота во Болоња

Post Views: 266 Вчера попладне во фабриката на Тојота во Болоња се случила силна експлозија, при што загинале двајца, а биле повредени уште неколку работници. Компанијата, која се наоѓа во областа Борго Панигале, на периферијата на градот, е една од најважните во механичкиот кварт на Болоња.Според првичните информации, експлозијата најверојатно била предизвикана од дефект на компресорот и предизвикала уривање на дел од магацинот.Градоначалникот на Болоња изјавил дека оваа трагедија е уште една во низата несреќи на работното место, апелирајќи на потреба од поголема...

Продолжи со читање

Треба да се стремиме Македонија да прерасне во позната гастро дестинација

Post Views: 241 Нашата земја  треба да се стреми да прерасне во позната гастро дестинација. Да се привлекуваат гости со вкусната, традиционална, но и здрава храна. Треба да се работи на креирање на гастрономска приказна од оброци и производи подготвени по традиционалните вековни рецепти. И не само да се нудат и промовираат, туку и да се брендираат македоснките локални специјалитети.-Ние треба да се специјализираме токму на нашето и дека треба да го брендираме нашето. Начинот како да создадете свој специјалитет како да вашиот ресторан иако може да е од типот селско...

Продолжи со читање

Охриѓанката Ана Стојановска го освои второто место на државниот Мастерс турнир во тенис

Post Views: 289 Викендов во ТК ЈУГ Скопје се одржа Мастерс турнирот за најдобрите 8 Јуниори и Јуниорки до 18 години од државава. Одличен пласман оствари Ана Стојановска од ТК Охрид која го освои одличното второ место, а во финалето изгуби од Катја Ивановска од ТК МТП со 63, 61.Веднаш потоа, од 22-24 октомври, во ТК ЈУГ Скопје се одржа и Мастерс турнирот за најдобрите 8 мажи и жени, каде 17-годишната Ана Стојановска, исто така, оствари добар резултат, пласирајќи се на 5-то место, информираат од ТК Охрид.

Продолжи со читање

Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности, намалени и до 75%

Post Views: 239 Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75%.Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина. Ова...

Продолжи со читање

Ротари Клубот Охрид ќе го одбележи светскиот ден на борба против детската парализа

Post Views: 257 Ротари Клубот Охрид денеска (24.10.2024 год), со почеток од 19:30 часот во Кафе бар ,,СУ,, ќе го одбележи светскиот ден на борбата против детската парализа (End Polio) со неформално дружење и делење на флаери на присутните, како би се покренала свеста за борбата против оваа болест и нејзино конечно искоренување.-Настанот е од отворен карактер, каде претставници на клубот во дел од објектот би ги запознале присутните за нивните активности, односно влезот е слободен за сите како и секоја друга вечер, уште повеќе што ги покануваме сите кои се во можност да...

Продолжи со читање

Продолжува периодот на стабилно време и пониски утрински температури

Post Views: 178 Утрото студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 18 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Охрид се поклони во чест на револуционерите

Post Views: 236 Во рамки на чествувањата по повод 23 Октомври,  Денот на македонската револуционерна борба,  делегација од локалната самоуправа  предводена од Претседателот на Советот на Општината Охрид, Перчо Божиноски  се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк. Свежо цвеќе положија и останати претставници од  јавниот и политичкиот живот од градов и државава. 

Продолжи со читање

МЗ од с. Брчево апелира до сите кои се во можност да се вклучат во потрагата по исчезнатиот соселанец

Post Views: 324 Трет ден се трага по 60 годишен стружанец, кој заминал по печурки и исчезнал. Во неделата, од својата викендица во селото Брчево на падините на Караорман се упатил кон шумата, но не се вратил. Од тој ден со него не може да се воспостави телефонска комуникација, не може да се лоцира ниту мобилниот телефон.Во потрагата е вклучена и Планинската спасителна служба на Црвениот крст и куче трагач.„Комплициран планински терен со густа вегетација, многу тешко прооден дури и за луѓе кои пешки пристапуваат. Воздушна потрага со дронови, хеликоптери е е возможна...

Продолжи со читање

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков за 23 Октомври

Post Views: 206 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  упати честитка по повод одбележувањето  на државниот празник 23 Oктомври – Денот на македонската револуционерна борба.Почитувани сограѓани,Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската...

Продолжи со читање

Свечено одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 211 Пред голем број граѓани, синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, свечено беше одбележан 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати заменик градоначалничката Ана Крстеска.–И денес, после 131 година, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, одѕвонува во колективната меморија на македонскиот народ, како ден темелник за сите идни борби за независна и слободна Македонија. Со младешка жар и одважност, нескриена храброст и визија, Христо Татарчев, Дамјан Груев,...

Продолжи со читање