Автор: инфодеск
Views: 183 Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“ , на ден 17.12.2025 година (Среда), од 08:30 часот, повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, С.Лескоец и С.Лакочереј.
Запленети 300 теписони и стази кај Подмоље – приведен 52-годишник од Скопје
Views: 189 На 15 декември 2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље, лишија од слобода 52-годишно лице од Скопје.– Имено, откако било сопрено товарно возило марка „Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето, при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен...
Светиот пророк Софониј
Views: 194 Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат...
Прекин во водоснабдувањето во Мешеишта
Views: 171 Од Оштина Дебрца ги известуваат жителите на селото Мешеишта дека денес ќе има прекин на водоснабдувањето од 08:00ч до 12:00ч, поради монтажа и инсталирање на регулатори за притисок, и поправка на дефект на водоводната мрежа.
Магловито утро, сончев и тивок ден со умерена облачност
Views: 225 Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.Денес минималните температури во Охрид од -1, а максималните д 9 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.Фото: Ѓоко Симјаноски
Драстично поевтинување на горивата од вечерва
Views: 249 Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари...
Нападнат 16-годишник од Охрид од страна на навивачка група од Битола
Views: 242 На 14.12.2025 во 21:25 часот, пред продажен објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, повеќе лица припадници на навивачка група од Битола физички нападнале 16-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Одличен настап на охридските пливачи на Зимското национално првенство на Македонија
Views: 238 Од пливачкиот клуб „Акваспринг“ од Охрид информираат дека иминатиот викенд во Скопје, на пливачкиот базен „Борис Трајковски“, се одржа Зимското национално првенство на Македонија во пливање, во техничка организација на Пливачки клуб Нептун – Скопје. На првенството учество зедоа 16 пливачи од клубот кои остварија одлични резултати, покажаа борбеност и спортски дух, и достојно го претставија клубот.-Покрај натпреварувачките успеси, викендот помина во знакот на дружба, позитивна енергија и убави спортски моменти, кои се дополнителна мотивација за понатамошна работа и...








