Автор: инфодеск
Views: 184 Мапирани се и расчистени диви депонии на три локации по пријава на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“, информираат од ЈП Охридски Комуналец.-Екипите интервенираа и расчистени се диви депонии кои беа мапирани на ул. „Момчило Јорданоски”, ул. „Васил Стевоски” и локалитет Лабино. При тоа подигнати се 16 м3 кабаст и зелен отпад, велат од претрпијатието.
„Охридско лето“ со новогодишен концерт како подарок за публиката
Views: 227 Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис на 20. декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат уметник познат по својата беспрекорна техника, префинета музичка чувствителност и умешност да создаде вистинска магија преку клавијатурата. Неговата изведба е комбинација од емоционална длабочина, елегантна...
Одлични резултати за таеквондистите од „Хваранг Фист“ на последниот годинашен турнир од Македонската Таеквондо лига
Views: 224 Во организација на Македонската Таеквондо Федерација и ТК „Илинден“, викендов во Скопје се одржа последниот турнир од Македонската Таеквондо лига.Охридскиот клуб „Хваранг Фист“ учествуваше со 12 натпреварувачи: Ненад Целески, Петар Петкоски, Ристе Ѓелески и Максим Ристески, кои и овој пат очекувано стигнаа до злато и беа најдобри во своите категории, Емилија Целеска, која само за поен ја загуби борбата за злато, Ѓорѓи Петкоски, Доротеа Најдеска, Ева Милошоска, Јана Спироска, Јована Јовческа, Љубица Митреска, Миа Тасевска и Теона Целеска по поразите во 1/4 финалето, го...
Светиот пророк Авакум
Views: 177 Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Јерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор го нападна Јерусалим, Авакум се засолни во Исмаилската земја, од каде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави Ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е“ (Даниил 14 – 33). Тогаш...
Стабилно и сончево време во Охрид со утринска магла
Views: 230 Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.Во Охрид миниалните температури од 2, а максималните до 10 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека и во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Уапсен е Фехми Стафа, поранешен државен правобранител
Views: 238 Вчера беше уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, под сомнение за примање поткуп.Според првичните информации, Стафа е лишен од слобода за дело поврзано со поткуп од неколку десетици илјади евра. Стафа на функцијата дојде како предлог на Алтернатива, а се поврзуваше и со ДУИ. Против Стафа, имаше и низа пријави во Финансиската полиција.Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен. Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги...
Македонија седма на „Јуниор Евросонг“, Нела Манческа со магичен настап на сцената во Грузија
Views: 287 Вчера во Тбилиси, Грузија, се одржа 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle. Нела го освои 5-тото место од жирито, но 7-мо од вкупниот број на гласови заедно со публиката Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија.Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.Настапот на Нела Манческа беше награден со силен аплауз од присутните во салата, а нејзината енергична и моќна интерпретација на...
Светиот пророк Наум
Views: 242 Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во...









