Skip to main content

Автор: инфодеск

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата

Post Views: 227 Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизел горивата поевтинуваат за два денари.Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 77 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 79 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 68,5 денари за литар.Цената на екстралесното масло за домаќинство исто така за намалува за 2,5 денари и ќе се продава по 68 денари. Се намалува и цената на мазутот, кој од утре ќе се продава по цена од 42,6 денари по килограм.

Продолжи со читање

23 октомври е неработен ден за сите граѓани

Post Views: 244 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2024 (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.Денот на Македонската револуционерна борба се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Foto: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Балканските кружни тури и убавото сончево време ја продолжија сeзоната

Post Views: 223 Конгресниот туризам за продолжува сезоната на брегот на Охридското Езеро. Овој период од годината најбројни се гостите од земјите во регионот Србија, Албанија и Грција, кои најчесто доаѓаат за викенди, како и големиот број групи кои што се дел од кружните тури на Балканот.Според хотелиерите и во есенскиот период се бележи солидна исполнетост голем број туристи има и во рамки на конгресниот туризам.– Тука може да се каже дека има едно зголемување, зголемен е бројот на гости. Доаѓаат и голем број странци за овој период на тие конгреси и тоа е...

Продолжи со читање

Стружанец по 19 години со договор на дело, остана без работа

Post Views: 467 Стружанец   19 години договорец, остана без работа. Димче Димоски дипломирал,  бил  стипендист на државата,  како  дефицитарен кадар во 2005 година. Речиси една деценија со договор на дело,  работел во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија,  неколку години работел  приватно, а последните две бил ангажиран   во Специјалната болница за нефрологија.Новиот директор пред еден месец без никакво објаснување му го раскинал договорот.„Барам...

Продолжи со читање

Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 225 Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип. Право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи како повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.Според надлежните, досега на интернет-страницата вакцинација.мк се пријавиле 33 000 граѓани.Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ целата земја, а пријавените ќе добијат...

Продолжи со читање

Утре без струја Вевчани, Октиси и Белица

Post Views: 295 Поради интервенции во електричната мрежа утре до 14 часот без струја ќе бидат неколку населени места во струшко.Ве известуваме дека на ден 22.10.2024 година ( Вторник ), во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат Вевчани, с. Октиси и с. Горна Белица, информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Продолжи со читање

Прeтежно сончево време со температура до 18 степени

Post Views: 188 Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.Следува период на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност, информираат од УХМР.foto: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид

Post Views: 214 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05 ,81/05 ,24/07 ,159/08 ,48/10 ,124/10 ,51/11 ,123/12, 93/13 ,42/14 ,44/15 , 129/15 , 39/16  , 99/18 ,89/22 и 171/22 ) ,Општина Охрид , на ден 16.10.2024 година , донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид го одбележа Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе

Post Views: 197 Секоја година на 18 октомври на национално ниво се одбележува Европскиот ден на борба против трговија со луѓе.По тој повод, на 18.10.2024, Црвен крст Охрид организираше информативно едукативна работилница за превенција на трговија со луѓе во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, која беше спроведена од страна на врснички едукатори за трговија со луѓе – Теона Талевска и Лија Камбер .-Учесниците на оваа едукативна работилница имаа можност подобро да се запознаат со видовите на трговија на луѓе како и нивната превенција, информираат од...

Продолжи со читање

Приведен австриец кој во алкохолизирана состојба агресивно се однесувал кон случајните минувачи и полицајци

Post Views: 195 На 18.10.2024 година во 03 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, приведен е 49 годишен државјанин на Република Австрија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, дрско и непристојно се однесувал кон случајните минувачи а потоа и агресивно кон полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија. Против него е поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Продолжи со читање

РЦСОО ,,Ванчо Питошески” Охрид го одбележува патронатот како модерно училиште со современи услови за стручна настава

Post Views: 312 Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ Охрид денеска го одбележа патрониот празник. Годинава училишниот центар започнува една нова етапа во својот развој, односно патронатат го прославува во целосно реновиран објект.Денешната свеченост започна со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјето на народниот херој од антифашистичката и ослободителна војна, Ванчо Питошески во училишниот двор.Директорот, Марјан Радески во своето обраќање истакна дека училишниот центар прерасна во модерна установа со услови што ќе ги...

Продолжи со читање

Во сабота на плоштад хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана

Post Views: 197 Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Бојана. Овојпат во соработка со Орифлејм Македонија, Тим Татјана 421-Охрид, во сабота, 19 октомври 2024, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 13 ч. Ве покануваaт на дружење и забава, зачинета со хуманост.-Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите креативни програми, за сите хумани посетители кои, според своите можности, ќе донираат за лекувањето на Бојана, тимот на Oriflame, ќе врши бесплатен скрининг...

Продолжи со читање