Автор: инфодеск
Views: 217 Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.Во Охрид миниалните температури од -1, а максималните до 10 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Новогодишен концерт на „Охридско лето“
Views: 234 Свечен новогодишен концерт во Охрид организира НУ „Охридско лето“ со италијанскиот пијано виртуоз Франческо Барбаџелета и шпанскиот тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис.–Оваа година ја заокружуваме со музика што возвишува. На нашата сцена ќе блеснат двајца исклучителни уметници: Франческо Барбаџелета – италијански пијано виртуоз со беспрекорна техника и емоционална длабочина што ја претвора секоја нота во чиста магија и Рамирез Дроз Реиналдо Елаис – шпански тенор со впечатлива моќ, топлина и драматичен израз што остава без здив, велат од НУ „Охридско лето“.Публиката...
Светиот апостол Андреј Првоповикан
Views: 190 Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и пострада. Во Византија...
Магла наутро, сончево во текот на денот
Views: 183 Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид темературите ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени Целзиусови.
Решение од Јавниот повик за проекти од јавен интерес од областа на здравствената и социјалната заштита
Views: 224 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, согласно одредбите од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за вклопување на предог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на општина Охрид за 2026 година, број 09 – 14858/1 од 04.11.2025 година донесен од страна на Градоначалникот на општина Охрид. Согласно правилникот и oбјавениот Јавен повик за финасирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид за 2026 година број...
ЈП „Охридски Комуналец“ доби нови машини за чистење
Views: 203 Градоначалникот Кирил Пецаков, попладнево беше на увид на новата опрема за чистење што ја набави Општина Охрид и ја предаде на користење на ЈП „Охридски Комуналец“.Станува збор за електрична комунална машина – метачка со којашто ќе се чистат јавните површини во старото градско јадро и централното подрачје на Охрид и дизел машина – метачка за чистење на останатите делови од градов.
Николоски: Три милиони патници на скопскиот аеродром, за прв пат во историја на авиосообраќајот
Views: 228 Три милиони патници на скопскиот аеродром е нешто што прв пат се случува на историјата на Македонија. Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, имаме континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, на бизнисот му овозможуваме подобри комуникации и врски, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Меѓународниот Аеродром Скопје, каде симболично беше одбележн три милионитиот превезен патник.На семејство кое патуваше од Скопје за Бари како избран три милионитот патник, вицепремиерот Николоски и директорот на ТАВ, Неџат...
Потпишана Охридската декларација „Одржливи културни модели за иднината“
Views: 220 На конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа“, денес во Охрид усвоена Охридска декларација „Одржливи културни модели за иднината“. Целта е јакнење на културата во функција на одржливиот развој. Засилено се работи на зачувување на културното наследство и исполнување на препораките на УНЕСКО, вели министерот за култура. . До крајот на годинава предвидени се уште неколку состаноци и усвојување на одлуки, а до 1 февруари ќе биде презентиран Извештајот.–Верувајте, овој проблем не е од денес – се провлекува години наназад, и...









