Skip to main content

Автор: инфодеск

Рехабилитација на краци од улиците ” Дејан Војвода ” и “Македонски Просветители “

Post Views: 271 Во тек се градежни активности за изградба на фекална и атмосферска канализација на краци од улиците ” Дејан Војвода ” и “Македонски Просветители ” со нови приклучоци за сите објекти.Согласно проектот предвидено е да се изградат и нови тротоари со камени плочи, нови рабници и ќе се постави ново осветлување, информира градоначалникот Кирил Пецаков.После завршувањето на овие активности двете улици ќе се асфалтираат. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари.

Продолжи со читање

Во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“

Post Views: 282 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“.Се работи за потегот на сливот во Охридското Езеро во населбата „Воска“, извршено е комплетно расчистување на теренот, бетонирање на подлогата и се врши поплочување на коритото со камени плочи, се додава во соопштението.Вредноста на проектот е 3.088 000 денари, а градежните активности ги реализира градежната фирма „Бокоп“ од Боровец.

Продолжи со читање

Објавени добитниците на наградите од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” 

Post Views: 344 Црвен крст – Охрид ги објави добитниците на наградите од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” .Наградите можат да се подигнат во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 9 до 15 часот заклучно со 30.11.2024 со приложување на добитниот учеснички број, велат организаторите.

Продолжи со читање

Викендов не очекува променливо облачно време со сончеви периоди

Post Views: 198 Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер претежно од југоисточен правец.Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 12 до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Јавен повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2025 година

Post Views: 184 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ – ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНАПовеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски добитник на државната награда „23 Октомври“

Post Views: 176 Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година на поетот Славе Ѓорѓо Димоски за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.Наградата ќе му биде врачена на добитникот во среда, на 23-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот во Собранието на Република Македонија.

Продолжи со читање

Разбиена организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, во тетовско и Охрид

Post Views: 259 Во координирана акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР, истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител целосно е разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата која започна утрово од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Извршени се претреси на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.При претресите пронајдени и одземени се патнички возила, поголема количина на пари и злато, ресивери, нож, гасен пиштол, 3 лаптопи, радио...

Продолжи со читање

Oтворен Изложбениот центар за Белчишко Блато

Post Views: 201 Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција, со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и во чии рамки беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта, каде е сместен Изложбениот центар.Во Центарот преку текстови, фотографии и други содржини прикажани се многу сегменти од биодиверзитетот, флората и фауната, со кој...

Продолжи со читање

Поради дефект без вода корисниците на улицата „Гоце Делчев“

Post Views: 240 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 13:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава деловен простор под закуп

Post Views: 163 Предмет на јавниот оглас e деловен простор 28m2 во ЈП Градски Пазар Охрид, на бул Туристичка бр 79, и се издава за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач согласно Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во Општинска сопственост.Огласот можете да го прочитатае ТУКА.Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.Понудите се доставуваат најдоцна до 22.10.2024 до10 часот.

Продолжи со читање

Внимавајте со платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто

Post Views: 247 Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“, Управата за финансиско разузнавање како надлежна институција основана за целите на прибирање и анализа на извештаи за сомнителни трансакции и други информации од значење за спречување и откривање перење пари и финансирање на тероризам, се придружува на апелите од страна на останатите надлежни органи и ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со сопствените парични средства и навремено да препознаат фиктивни...

Продолжи со читање

Со едукативна работилница Црвен крст – Охрид ја одбележа Неделата на борба против дијабет

Post Views: 185 Во периодот од 10-16 октомври традиционално се одбележува Неделата на борба против дијабет.Под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, во просториите на Црвен крст – Охрид се одржа едукативна работилница и презентација со цел кревање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот.На самата едукација волонтерите имаа можност да се запознаат со начините на превенција, симптомите и различните типови на болеста како и да ги тестираат нивните знаења за дијабетесот, информираат од Црвен крст...

Продолжи со читање