Автор: инфодеск
Views: 178Концесионерот на Охридското Езеро, Питон, информира дека повторно се пронајдени мрежи кои се најстрого забранети, поставени од рибокрадци во време на строга забрана во водите на Охридско Езеро и дека запленета е угината риба, и тоа дури 214 парчиња Охридска Белвица.-За успех во заштитата има само едно правило “НЕМА ЗАСТАНУВАЊЕ И ПАУЗА”, велат од концесионерското друштво „Питон“.Инаку, периодот на забрана за лов на охридска белвица и охридска пастрмка трае од 1 декември до 28 февруари.
МВР го одложи стартот на „Безбеден град“: Казни ќе се испраќаат електронски од февруари 2026
Views: 265 Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година, потврди Министерството за внатрешни работи за „360 степени“. Тоа значи дека стартот на проектот ќе биде одложен за еден месец во однос на првичните најави дека ќе стартува од јануари. Можноста за одложување неодмна ја најави министерот Панче Тошковски, по стартот на тест периодот, кој укажа дека на повеќе функционалности ќе им треба унапредување.Како што е најавено, „Безбеден град“ во февруари ќе започне да работи во Скопје, Тетово и Куманово,...
Денес на сцената во Охрид Мол ќе биде изведена детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“
Views: 262 Вечерва со почеток во 19:00 на сцената во Охрид Мол ќе биде изведена детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“. Како што најавуваат организаторите ќе оживее магијата на детството, а најомилената хероина со црвени плетенки, ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП ќе ни покаже што значи храброст, другарство и бескрајна фантазија.-Дојдете со вашите најмили на претстава што инспирира, охрабрува и насмевнува!, порачуваат организаторите.
Македонскиот филм „Утре наутро“ денес премиерно во НУ „Григор Прличев”
Views: 255 „Утре наутро“ – македонски долгометражем филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи, премиерно ќе биде прикажан денес во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 19.30 часот.Содржина:Аида, млада докторка е силувана од нејзин постар колега, влијателен и богат хирург. Корумпираниот суд ја отфрла нејзината тужба со образложение дека за време на настанот таа не давала доволно силен отпор.Јоана Пеласка, сопругата на поранешниот премиер и нејзините деца се прогонувани заради видео фајлот на кој се гледа што се случило во нивната куќа вечерта кога...
Преподобен Акакиј Синајски
Views: 181Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. Старецот го закопа и отиде да му...
Продолжува периодот на претежно сончево време
Views: 209 Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините и речните долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Минималните температури во Охрид од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Општина Дебрца се приклучува кон регионалниот систем за управување со отпад
Views: 111 Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди.На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална самоуправа, Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Душица Перишиќ, Извршна...
Започнуваат подготовките за Бадниковата поворка
Views: 107 Во сабота во 12 часот започнуваат подготовките за годинешната Бадникова поворка, а ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ Христо Узунов во Охрид.Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793 и на фејсбук страницата Бадникови поворки Охрид.Во Велгошти пробите започнуваат во недела, на 14ти декември, со почеток во 18:00 часот во манастирот Св. Петка. Сите кои сакаат да се пријават можат да го сторат тоа на телефонскиот број 078 335 363.-Ве очекуваме со радост! Со Божиќната...









