Skip to main content

Автор: инфодеск

weather station, anemometer, weather observation, meteorology, weather, nature, wind, rain, heaven, precipitation, technology, weather forecast, measurement, measured value, temperature, wind speed, wind direction

Штип и Охрид добиваат целосно реновирани метеостаници за поефикасно следење на времето

Views: 94 Од Управата за метеоролошки работи информираат дека се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво. Акцијата е во рамките на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција ќе се подобри следењето на температурните екстреми, врнежите и ветерот во Источниот регион, што е од особено значење за...

Продолжи со читање

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад

Views: 247 Претставници од Општина Охрид заедно со колеги од  останатите општини  од Пелагонискиот и Југозападниот регион  деновиве , во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО). Станува збор за формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди. На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална...

Продолжи со читање

Министерска конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ во Охрид

Views: 131 Охрид денес и утре ќе бидe домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“.Конференцијата официјално ќе биде отворена утре, 12 декември во 10:00 часот со воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, Магдалена Ландри, министри за култура, заменици-министри и претставници од земјите од ЈИЕ.На конференцијата ќе биде усвоена Охридската декларација...

Продолжи со читање

И оваа година Црвен крст Охрид ја организира Новогодишната хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Views: 76 Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ наменета за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со OHRIDMALL, во просторот на молот кај големата Новогодишна елка, волонтерите на Црвен крст Охрид во посебен сад ќе постават волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. – Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони и да ја исполни новогодишната желба напишана во него со...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен увид на донесените нацрт програми и нацрт буџетот за 2026

Views: 127 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 10.12.2025 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2026 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид.  Јавниот увид трае 7 дена почнувајќи од 11.12.2025 год.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Прекин вода

Денес намален притисок и прекин на водата во делови од Охрид и Пештани

Views: 127 ЈП Водовод информира дека поради изведување на одредени зафати при реконструкција на пумпената станица Метропол, денес од 08:30 часот до завршување на активностите, со намален притисок ќе бидат делови од градот Охрид како и околните места.Во нивното соопштение се додава дека ист така ќе се врши замена на постоечки вентили на главната водоводна линија во Пештани, при што ќе има прекин во водоснабдувањето на овој потег од 08:30 часот до завршување на активностите.

Продолжи со читање

Свеќи

Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици

Views: 94 За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата вера и не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор и Тимотеј и...

Продолжи со читање

Сончево време со слаб северен ветер

Views: 73 Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Продолжи со читање