Автор: инфодеск
Post Views: 128 Министерството за култура и туризам на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година.Средства ќе добијат и охридски здруженија и поединци, но и здруженија од други градови кои аплицирале со проекти кои ќе се реализираат во Охрид или ќе го промовираат градот и неговото културно наследство во земјава и странство .Музичка и музичко-сценска дејност:– ЦИКЛУС КОНЦЕРТИ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ – Битола, Охрид, Скопје...
Ги запознаваме ретките болести: Малиген меланом на слузницата
Post Views: 97 МАЛИГЕН МЕЛАНОМ НА СЛУЗНИЦАТА/ MUCOSA MELANOMA MALIGNANTMKБ-10 C43.0ПРЕВАЛЕНЦАМалигниот меланом на слузницата е забележан кај 1–2 % од сите случаи на малигни меланоми.ВОВЕДМеланомот е рак кој се развива во меланоцитите, клетки кои произведуваат меланин, пигмент кој произведува боја во очите, кожата и косата. Иако меланомот обично расте на кожата, тој може да расте и во мукозните мембрани. Околу половина од мукозните меланоми започнуваат во усната шуплина, носната празнина, синусите и хранопроводникот. Можaт да се појават и во долниот дел на...
Охридските бреинобреин генијалци со врвни резултати на светски онлајн натпревар: освоени 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали
Post Views: 99 Од Црвен крст Охрид информираат дека на 16-от Интернационален Онлајн Бреинобреин-абакус натпревар кој се одржа на 24 јануари 2026, охридските Бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали.-И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите. Овој успех претставува потврда дека одиме по...
Еврото стана единствено законско платежно средство во Бугарија
Post Views: 106 Од вчера, 1 февруари, еврото официјално стапува на сила како единствено законско средство за плаќање во Бугарија.Согласно законските одредби за пристапување кон еврозоната, цените на сите производи и услуги ќе бидат означени паралелно во двете валути до 8 август 2026 година. Оваа мерка има за цел да гарантира целосна транспарентност на пазарот и да го спречи секој обид за можни злоупотреби или манипулации, според информациите од бугарските медиуми.Граѓаните на Бугарија кои и понатаму поседуваат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во...
Самоиловата тврдина светна во боите на ретките
Post Views: 115 Во рамките на активностите за подигнување на свеста за ретките болести, Самоиловата тврдина во Охрид синоќа беше осветлена во препознатливите бои на реткоста. Овој визуелно моќен чин е порака на поддршка за сите пациенти и семејства кои секојдневно се соочуваат со специфични здравствени предизвици.Претседателката на здружението „Ретко е да си редок”, Гордана Лолеска, која со години е на првата линија во борбата за правата на овие лица, упати емотивна порака:„Самоиловата тврдина е симбол на пркосот и истрајноста, исто како што е и секој...
Охрид се сеќава на д-р Елена Етингер Каваева
Post Views: 133 Денес се навршуваат 43 години од смртта на д-р Елена Етингер Каваева, личност која оставила длабоки траги во колективната меморија на охриѓани.Д-р Каваева, заедно со сопругот, д-р Владимир Кавај, се основоположници на Македонскиот здравствен систем. Нејзиното име во Охрид се’ уште е метафора за чистота и лична хигиена. Целиот нејзин живот бил поврзан со силна посветеност кон медицината, со многу спасени животи, многу излечени деца во првиот детски диспанзер, но и со искоренувањето на маларијата во Охрид, Струга, цела Македонија, но и во Албанија....
Преподобен Ефтимиј Велики
Post Views: 99 Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа...
Променливо облачно со повремен локален дожд
Post Views: 106 Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Во Охрид денес температурите од 1 до 6 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец.
Ги запознаваме ретките болести: Вроден дефицит на фактор XIII
Post Views: 104 ПРЕВАЛЕНЦАВродениот дефицит на фактор XIII е многу ретко заболување со проценета преваленца 1/2 000 000 население.ВОВЕДВродениот дефицит на фактор XIII, познат и како недостаток на фибрин-стабилизирачки фактор е ретко наследно нарушување на коагулацијата на крвта кое подеднакво се јавува и кај двата пола. Фактор XIII е клучен ензим во процесот на згрутчување на крвта бидејќи ја стабилизира и зајакнува формираната фибринска мрежа во завршната фаза на хемостазата. Недостатокот на фактор XIII е различен од другите нарушувања на коагулацијата по тоа што...
Од денеска ќе се казнуваат прекршоците детектирани од камерите на „Безбеден град“
Post Views: 129 Од денеска во Скопје, Куманово, Тетово и на автопатските коридори 8 и 10 започнува казнувањето со електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. Системот ќе ги следи и казнува најчестите прекршоци, а граѓаните ќе ги добиваат известувањата преку СМС и електронска пошта.Во гостувањето во Дневникот на МТВ, Тошковски информираше дека од вчера е применлив нов Правилник со кој се зголемува прагот на толеранција за возачите, како одговор на бројните реакции од јавноста забележани во почетната фаза од имплементацијата на системот. Новите измени, како...
Недела на митарот и фарисејот, трета недела пред великиот пост
Post Views: 107 Неделата на митарот и фарисејот е првата од трите недели, подготвителни за Великиот Пост. Тие се од светите отци смислени како обука и поттик, за да бидеме готови за духовниот подвиг на постот, оставајќи ги скверните обичаи и навики. Оние кои се готват за телесна битка, најпрвин од војсководците го дознаваат времето на битката, за навремено да го исчистат оружјето, и сè друго добро да устројат, и откако ќе ги отстранат сите пречки, усрдно да се нафатат на подвигот, и да се снабдат со сè што ќе им биде потребно. Многупати пред битката, тие кажуваат истории,...
Врнежи од дожд и снег низ земјата, температурите во пораст од вторник
Post Views: 118 Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20 l/m²). Поради спуштање на постудена воздушна маса...
