Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево време со умерена облачност и температура до 22 степени

Views: 144 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени.Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков со отчет за првата година од вториот мандат, нови инвестиции и проекти во Охрид

Views: 161 Првата година од вториот мандат ја одбележаа континуитет, нови капитални инвестиции и развој на Охрид, оценува градоначалникот Кирил Пецаков, посочувајќи на реализираните и започнатите проекти во повеќе области.Како што наведува Пецаков, во делот на инфраструктурата во тек е изградбата на катната гаража во центарот на градот, а целосно се реконструирани плоштадот „Чинар“ и „Холандскиот парк“. Обновени се и улиците „Прилепска“, „Аџи Мустафа“ и „Кленоец“, каде е поставена нова канализациона мрежа, како и повеќе патни правци кон Завој, Лескоец–Велгошти, Горно и Долно...

Продолжи со читање

Дарко Петковски е автор на „8 Way- Најди го зборот“, нова мобилна игра со зборови инспирирана од познатата „Осумнасочник“

Views: 165  Дарко Петковски е 38-годишен независен софтверски инженер (развивач на мобилни апликации) кој е автор на „8 Way – Најди го зборот“, бесплатна игра со зборови, достапна на македонски и на повеќе други јазици, креирана за корисниците на iOS и Android.„8Way – Најди го зборот“ е мобилна игра за пронаоѓање скриени зборови, создадена за корисно исполнување на слободното време и за вежбање на мозокот и концентрацијата. Играта е лесна за разбирање, но нуди доволно предизвик за играчите што сакаат да го тестираат својот речник и начинот на размислување....

Продолжи со читање

Клековски во Струга: Поранешната ковид-болница ќе се стави во функција за амбуланти

Views: 208 Министерот за здравство Сашо Клековскиденеска ги посети ЈЗУ Општа болница – Струга и Здравствениот дом, каде се сретна со директорот Владимир Бунчески и со здравствените работници.На средбата беше посочено дека струшката болница располага со дигестивна и торакална хирургија, како и со други оддели кои секојдневно обезбедуваат здравствени услуги за граѓаните од Струга и околниот регион, иако работат во отежнати услови.Како конкретен чекор за подобрување на условите, Министерството најави ставање во функција на поранешната ковид-болница за потребите на амбулантите....

Продолжи со читање

Утре во Црвена Вода ќе биде одбележана 83 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ

Views: 158 Утре Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ќе ја одбележи 83 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ и други значајни настани од НОБ и Револуцијата во 1943 година, со полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор.За време на шестмесечниот престој на највисокото воено-политичко раководство на НОБ во Црвена Вода, донесени се многу документи, значајни за создавањето на...

Продолжи со читање

Камен и песок се депонираат на брегот на Охридското Езеро

Views: 249 На самиот брег на Охридското Езеро, покрај пешачката патека Студенчишта, помеѓу два угостителски објекти, изминативе неколку дена се депонира кршен камен и песок, а просторот е обележан со заштитни ленти. Засега нема информации што се планира да се гради на локацијата, ниту кој го депонира градежниот материјал.Од Општина Охрид за ТВМ велат дека ќе постапат согласно своите надлежности и законските ингеренции.-Надлежните служби ќе ги преземат потребните активности за утврдување на фактичката состојба на терен, по што, доколку се утврди потреба, ќе бидат преземени...

Продолжи со читање

Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија за впишување на Преспанско Езеро на Листата на УНЕСКО

Views: 190 По неодамнешното впишување на Олимп на Листата на светско наследство на УНЕСКО, Грција се стреми во каталогот да го вклучи и Преспанското Езеро, на границата со Албанија и Северна Македонија. Во иницијативата, што Грција ја започна во 2014 година, овојпат како сојузници ги има двете соседни земји, со кои го дели прекрасното езеро и заеднички ја промовираат иницијативата, со поддршка и од Европската Унија, пишува весникот Катимерини во текстот насловен „Голема Преспа: Сојуз со цел да се вклучи во УНЕСКО“.Според весникот, следниот петок (9 октомври) , грчката општина Преспа,...

Продолжи со читање

Му пуштиле 700 грама хашиш по пошта

Views: 152 Хашиш со тежина од 700 грама, е откриен од страна на царински службеници при контрола на поштенска пратка од Шпанија, која ја нарачал македонски државјанин од Тетово.Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава до надлежно јавно обвинителство.-Случајот е откриен кога пратката која била пристигната во ЦИ Пошти е селектирана за детална контрола, по што при нејзино отворање во неколку херметички затворени кеси се пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја. Веднаш се повикани тимови од Одделението...

Продолжи со читање