Автор: инфодеск
Views: 124 Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговите надареност и способност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го, сепак, при крајот на писмото, да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо...
Владата донесе одлука за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Views: 149 Владата на денешната седница усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и ќе го достави до Собранието.Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период.–Нашата цел останува недвосмислена јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните, изјави Митева.Таа...
Свечена академија во чест на Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид
Views: 147 На свечена академија во чест на Св. Климент Охридски заштитникот на Охрид, синоќа во прекрасниот амбиент на црквата Св. Софија беа доделени највисоките општински признанија на заслужни граѓани и установи. Наградата за животно дело оваа година постхумно му беше доделена на истакнатиот охридски новинар, хроничар и публицист Владимир Ангеличин Жура, кој почина во ноември во 78-та година од животот. Наградата ја прими неговиот син Филип Ангеличин Жура.–Почитуван Градоначалник, почитуван митрополит на Дебарско-кичевската епархија, почитувани пратеници, драги...
МТТФ освои 22 медали на „Србија Опен 2025“
Views: 167 Во кокуренција од над 400 натпреварувачи од 8 земји, Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ја претставуваа 25 натпреварувачи и 4 судии од клубовите членки „Хва Ранг ИТФ” од Лескоец, „Мастер” Охрид, „Сонкал” од Мислешево и „Ге-Бек“ од Ресен, под водство на националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски.– Очекувавме добри резултати од овој натпревар, но браќата Димитриевиќ направија несекојдневен подвиг. Успехот на овие двајца спортисти ќе има големо влијание на помладите натпреварувачи, бидејќи им покажуваат што значи упорност, дисциплина и...
Неделава прекин на водоснабдувањето на ул. „Петар Поп Арсов“ поради приклучување на новата водоводна линија
Views: 125 Од ЈП Водовод информираат дека од страна на приватна фирма изведувач во тек е поставување на нова водоводна линија на улицата „Петар Поп Арсов“. Поради преприклучување на сите објекти на новата водоводна линија, на целата улица ќе има прекини во водоснабдувањето, почнувајќи од денес 09.12.2025 година до крајот на неделата во период од 08:30 до 15:30 часот.
Денеска се празнува Св. Великомаченик Георгиј
Views: 98 Постарите верувале дека ако денеска има магла и зимата ќе биде магловита и променлива, а ако е ведро, зимата ќе биде јака.Православните верници денеска го празнуваат посен Свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов...
УХМР: Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
Views: 208 Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Од УХМР информираат дека продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.Температурите во Охрид денес од 0 до 11 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Потпишано Писмо за намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и Веспрем
Views: 74 На пригоден настан, денеска во Охрид беше потпишано Писмо на намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и градот Веспрем, Република Унгарија.Документот го потпишаа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга, со што беше официјализирана заедничката заложба за јакнење на пријателските односи и унапредување на соработката меѓу двата града и двете држави.Писмото на намери се темели на принципите на меѓусебна рамноправност, разбирање и взаемна корист, а соработката ќе биде насочена кон поттикнување на понатамошен просперитет и развој...









