Skip to main content

Автор: инфодеск

Доделени наградите од литературниот конкурс посветен на Свети Климент Охридски

Views: 210 Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературниот конкурс  посветен на патронот.‎Награди им беа доделени на :‎- Софија Стојаноска, ученик во четврто одделение  во ООУ „Христо Узунов“, добитник на првата награда во прва категорија (за ученици од одделенска настава од прво до петто одделение)Творба „Свети Климент Охридски“‎- Ана Спасеска, ученичка во седмо одделение во ООУ...

Продолжи со читање

Свр охрид

Сообраќајка во Охрид: повредена жена по судир со службено возило на МВР

Views: 93 На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возил „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната жена од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од 26-годишен полициски службеник. Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко

Views: 204                                                                                                                                                                                                  Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од , Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода лишија 46-годишно лице од Поградец, Република Албанија. При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го...

Продолжи со читање

Свр Охрид

СВР Охрид: Пронајдено безживотното тело на охриѓанецот по кој се трагаше, автомобил изгоре во двор во Струга

Views: 234 На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело. По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за 57-годишно лице од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.На 08.12.2025 година во 03:35 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во патнички автомобил „шери тиго“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на 33-годишно лице...

Продолжи со читање

Ново засилување за охридските пожарникари: дониран камион со опрема од Австрија

Views: 215  Охридската противпожарна територијална единица информира дека продолжуваат да ги зајакнуваат своите капацитети.Претставници на ТППЕ Охрид превзедоа противпожарен камион со дополнителна опрема, донација од Австрија.– Упатуваме голема благодарност до нашите соработници и помагатели од покраината Тирол за оваа вредна донација. Продолжуваме со посветена работа и реализација на планираните проекти, порачаа од ТППЕ Охрид.

Продолжи со читање

Изложбата „Мечти“ на Јана Маркоска ги воодушеви посетителите

Views: 134 Во прекрасна и топла уметничка атмосфера вечерва беше отворена самостојната  изложба „Мечти“ на охридската уметница Јана Маркоска. Во галеријата на нејзиниот дедо, легендарниот Вангел Наумоски, посетителите уживаа во триесетината извонредни дела што зрачат со суптилност, длабочина и искрена емоција.Секоја слика носи свој уникатен свет — полн со светлина, соништни тонови и префинета чувствителност што веднаш го допира гледачот. Маркоска успева да ја пренесе својата внатрешна поетика на платно со редок лирски израз, создавајќи дела што долго остануваат во мислите. „Мечти“...

Продолжи со читање

Денес се одбележува Свети Климент Охридски Чудотворец, заштитникот на Охрид

Views: 96 о низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. МПЦ-ОА со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Празнувањата почнаа во изминатите денови, а продолжуваат денеска со божествени литургии во храмовите.Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Views: 224 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека во текот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла, поради што дневната температура ќе биде пониска.Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 11 степени Целзиусови.

Продолжи со читање