Skip to main content

Автор: инфодеск

Викендов ќе се одржи симпозиум по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија

Post Views: 252 Здружението за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК” од Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво во периодот од 12.10.2024 – 13.10.2024 година во Хотел Нова Ривиера – Охрид ќе одржи симпозиум за ретките болести.Цел на овој симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката како и иновативните третмани на овие болести, концизно сумирани низ низа предавања и постер презентации на врвни експерти. Во недела, 13 октомври,...

Продолжи со читање

Поради дефект без вода корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи

Post Views: 193 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Во недела акција за подигнување на селектиран отпад на улиците „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“

Post Views: 195 На ден 13.10.2024 год. (недела) согласно Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) и реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе ја реализира акцијата од определените улици: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“.Од претпријатието апелираат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот.

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивната превенција кај пациентите со дијабетес

Post Views: 202 По повод светскиот ден на срцето, Здружението на дијабетичари во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување у рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, организира предавање на кое пред присутните ќе говори Др. Јасмина Спасеска Јованоска.На предавањето ќе има и претставници на Крка фарма ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок, информираат од Здружението на дијабетичари.Целта на овие активности е подигање на свеста...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд

Post Views: 165 Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 9 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, Општина Охрид

Post Views: 174 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10, 51/11,123/12,93/13,42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18,89/22, 171/22 ),Општина Охрид, на ден 04.10.2024 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оценаЗа планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од...

Продолжи со читање

Протести во Тирана, демонстрантите бараа оставка од Рама

Post Views: 242 Во главниот град на Албанија, Тирана вчера имаше сериозни нереди. Илјадници опозициски демонстранти се судрија со полицијата и фрлаа молотови коктели врз владините згради. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.Пред седиштето на владеачката Социјалистичка партија демонстрантите запалија плакат со ликот на премиерот Еди Рама и извикуваа „долу диктатурата“. Протестите продолжија пред МВР и пред седиштето на градоначалникот на Тирана, кој доаѓа од владејачката партија. Според официјалните податоци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата...

Продолжи со читање

Зголемени цените на угостителските услуги

Post Views: 232 Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто....

Продолжи со читање

Втор хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“

Post Views: 228 Во насока на спортско-фудбалско дружење на Јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид, ЈП „Билјанини извори“, втора година втор по ред организира хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“.–Турнирот започнува во четврток, на 24-ти октомври 2024 година, во 19:00 часот и ќе трае до среда, 6-ти ноември 2024 година, за кога е закажан финалниот натпревар. Сите 28 натпревари ќе се играат во Спортската сала „Билјанини извори“. Учество ќе земат 16 екипи: минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал...

Продолжи со читање

Акција кабаст отпад У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан во четврток

Post Views: 203 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 10.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од...

Продолжи со читање

Симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид

Post Views: 242 ТППЕ Охрид – Пожарна во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид, а во соработка со СВР Охрид, Црвен крст – Охрид и Центарот за управување со кризи, одржа симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар, и воедно демонстрира високо ниво на професионализам во справувањето со вакви ситуации.Високо ниво на професионалност, координираност и ефикасност во дејствувањето покажаа тимовите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва...

Продолжи со читање

Работилница на тема „BURNOUT – синдром на работно место” во Црвен Крст Охрид

Post Views: 208 Во рамките на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје, Црвен Крст Охрид на 09.10.2024 (среда) со почеток од 20:00ч организира едукативна работилница на тема „BURNOUT – синдром на работно место”.Eдукативната работилница ќе биде одржана од страна на Ранко Раткушиноски – психолог и Катерина Наумоска – проектен координатор.

Продолжи со читање