Skip to main content

Автор: инфодеск

Во среда и четврток на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан

Post Views: 253 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти октомври 2024 година.На 9-ти октомври, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на...

Продолжи со читање

Неделата на млади исполнета со најразновидни активности

Post Views: 215 Неделата 1-7 октомври е резервирана за одбележување на НЕДЕЛАТА НА МЛАДИ која беше исполнета со најразновидни активности.Клубот на Млади при Црвен Крст – Охрид учествуваше на заедничко онлајн вклучување на сите Клубови на Млади на територијата на Македонија, се запознаа со активностите од другите Клубови на Млади, и ги презентираа нивните активности и приказни кои го направиле волонтирањето вредно за паметење.-Во оваа прилика им се заблагодаруваме на младите кои секојдневно вложуваат за да го направат светот подобро место за сите нас, велат...

Продолжи со читање

Младински турнир во шах „Ласкер 2024“

Post Views: 229 Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид и со поддршка на Општина Охрид во петокот, во просториите на ООУ „Братство Единство“ се одржа Младинскиот турнир во шах „ЛАСКЕР 2024“.На турнирот учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение од охридските основни училишта. Во категоријата на девојчиња учествуваа 12 ученички, а во категоријата момчиња 40 ученици. Беа одиграни 6 кола по Швајцарски систем. Првото место во категоријата девојчиња и припадна на Јована Котушеска, ученичка во ООУ „Григор Прличев“, а во категоријата на момчињата првото место...

Продолжи со читање

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот конкурс на тема: „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“

Post Views: 219 Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Виктор Милевски 14 години, ОУ„ Григор Прличев“  ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Лина Маркоска  VIII  одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , Охрид  Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Софија Миладиноска, 14 години, од ОУ„ Св Климент Охридски“, ОхридОд пристигнатите ликовни творби награди освоија : ...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде сончево со умерена локална облачност

Post Views: 205 Претпладне на места ќе има појава на ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен в до етер претежно од северозападен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Здружението Ретко е да си редок ги донира за Бојана средствата доделени од општината

Post Views: 193 Здружението “Ретко е да си редок” се откажа од средствата кои ги доби од Општина Охрид собрани од аконтација за учество на хуманитарниот турнир во мал фудбал по повод Денот на ослободувањето на Охрид. Претседателката на здружението, Гордана Лолеска побара истите да бидат донирани за лекување на охриѓанката Бојана Бонеска.“Благодарност до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид за издвоената финансиска поддршка за здружението Ретко е да си редок! Но како претседател на истото целосно се откажувам од средствата и упатувам апел...

Продолжи со читање

Средствата од хуманитарниот турнир во футсал наменети за лекување на охриѓанката Бојана, здруженијата Ретко е да си редок и Деца со дијабет

Post Views: 241 ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, кој се организира втора година по ред.–Од аконтација за учество се собраа средства во износ од 144 000 денари. Заедно со организаторите одлучивме овие средства да ги распределиме онаму каде што во моментов има најголема потреба. 80 000 денари се донираат кај нашта сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување се потребни повисок износ.”– објави...

Продолжи со читање

ЦУК: Во Охрид можни локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа

Post Views: 246 Во текот на престојната вечер се очекуваат пообилни врнежи во западните и северо-западните делови на земјата каде се очекува да паднат над 40 l/m2 дожд.Од Центарот за управување со кризи информираат дека доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали теритотии и за кратко времетраење можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици во крајните западни и северо-западни делови од државата односно пред се на оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и...

Продолжи со читање

Со пригодна програма одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил

Post Views: 225 Со пригодна свеченост што се одржа денеска во големата сала на Општина Охрид, беа одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.Во рамки на настанот беше изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од  македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска.Како дел од музичката програма, свој настап имаа учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под менторство  на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска.Настанот го организираше Општина Охрид, како дел од годишната...

Продолжи со читање

СВР Охрид започна со реализација на  едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец”

Post Views: 252 Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на  едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец”. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица” и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот. – Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и...

Продолжи со читање

11. Конгрес на Здружение на радиолошки технолози на Македонија во Охрид

Post Views: 321 Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ) организира 11-ти Конгрес во хотел Гранит, Охрид со меѓународно учество на повеќе земји од регионот и претставник од Европското здружение на радиолошки технолози (EFRS).Свечено отворање на Конгресот ќе биде вечерва во 18.00 часот, на кој ќе се обратат:– проф. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот Христијан Мицкоски– Зоран Бајовски, претседател на Здружението на радиолошки технолози на Македонија– Дамир Циприќ, претседател на Друштвото на радиолошки технолози...

Продолжи со читање

14 години успешна работа на БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

Post Views: 220 На денешен ден, пред 14 години во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.-Со гордост ја истакнуваме 14 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во посветеноста и професионалноста на нашите тренери, упорноста на децата кои ја следеле БОБ програма, како и поддршката на родителите, велат од Црвен Крст Охрид.Оттаму изразуваат голема благодарност до сите оние кои ја...

Продолжи со читање