Skip to main content

Автор: инфодеск

Промовирано проширеното издание на „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески

Views: 66 Во рамките на чествувањата на Св. Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески. Со  издавањето на оваа книга, авторите истакнаа дек ја постигнеле нивната цел – да се создаде едно заедничко дело, со кое Охрид се здобива со еден вид енциклопедија и водич низ историјата на овој град со долговековна историја и традиција.Промотор на книгата беше проф. д-р Ѓорѓи Тоноски, кој истакна дека истражувачкиот дух на авторите ни носи едно...

Продолжи со читање

Импровизирани табли на нов „паркинг“

Views: 870 На улицата „Марко Нестороски“ се појави импровизиран паркинг обележан со рачно направени, нерегуларни табли. Граѓаните реагираат дека ваквата пракса создава забуна и сомнеж дали паркирањето навистина е под надлежност на општината, нечиј приватен обид за наплата или пак узурпација на државно земјиште.

Продолжи со читање

ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележа својот патронат

Views: 139 Со богата и свечена приредба, вчеравечер учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа патронатот на своето училиште. Темата на овогодинешниот настан беше „Бајките и приказните – мудроста на моето детство“.На свеченоста која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.Во рамки на програмата беше изведена кореографија со детски маски, преку која најмладите ги претставија своите омилени јунаци од бајките. Потоа следуваше...

Продолжи со читање

Успешно реализирани: Работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан во рамки на проектот „RECIRCLE MED“

Views: 74 Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа во Охрид.Настаните ги организираше Општина Охрид како дел од проектот „RECIRCLE MED“, имплементиран преку Европската програма INTERREG EURO MED.Првиот ден беше посветен на анализа на локалните потреби, предизвици и можности на Охрид. Учесниците активно учествуваа во дискусии и...

Продолжи со читање

Денес изложба „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“ во Куќата на Робевци

Views: 76 Денес  во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“.На изложбата ќе бидат презентирани 80 експонати кои се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид, кои се изработени главно од сребро во филигранска техника и украсени со полукапоцени камења, украсни стакленца и висулци – трепетушки, а се врвни изработки на мајсторите кујунџии од Охрид, Струга и Дебар кои датираат од крајот на XVII до средината на XX век. Ќе бидат презентирани машки и женски...

Продолжи со читање

Светски ден на волонтерството: Црвен крст Охрид со признанија за волонтерите и крводарителите

Views: 126 Денес, 5-ти декември Црвен крст Охрид традиционално го одбележува Светскиот ден на волонтерството во знак на благодарност и оддавање признание на волонтерите за нивниот придонес, значење и улога во зајакнување на нашите заедници, но и за промовирање на волонтерството и поттикнување на институциите и граѓаните да ги поддржат напорите на волонтерските организации.– На годинешниот Светски ден на волонтерство, под мотото „Секогаш присутни во нашите заедници“, ставаме акцент на оддавањето на признание за придонесот на нашите волонтери кои припаѓаат на сите генерации, од...

Продолжи со читање

Градот во полн сјај: „Паркови и зеленило“ со интензивни активности

Views: 120 Од ,,Паркови и зеленило” велат дека грижата за уредени и чисти зелени површини претставува приоритет во нивниот секојдневен ангажман.Тие информираат дека нивните екипит го уредија цветниот тунел, беше проширен опсегот на хортикултурни содржини каде е засаден цветен расад (очиња), а се уредуваа и оформуваа декоративните грмушки и дрвја, како и тековни активности за косење на зелените појаси и собирање на паднатите лисја.

Продолжи со читање

Облачно и врнежливо

Views: 75 Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР велат дека и утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.Денес температури во Охрид ќе се движат во интервал од 8 до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање