Автор: инфодеск
Post Views: 295 Над 40% пораснал вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот Аеродром Скопје во изминатите осум месеци, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми. Во периодот од јануари до август годинава, Карго-центарот кој работи во рамки на Меѓународниот Аеродром Скопје сработел 41.9% повеќе карго-пратки за воздушен транспорт. Импресивниот раст, или превезените 3.062.736 тони карго преку авионски транспорт и камионски услуги од јануари до август 2024 година, ја истакнува зголемената улога на Карго центарот при...
Во охридскиот Архив предадена документација од хронологијата на фреската Свети Ѓорѓи
Post Views: 226 Вчера во охридскиот Архив, г-дин Петар Милошевски предаде документација од хронологијата на фреската Свети Ѓорѓи која се наоѓа над влезната врата над црквата Свети Ѓорѓи, насликана од неговиот прадедо Климент Заричинов од 1889 година а реставрирана од г-дин Илија Шапкар.-Останува за навек оваа документација и “временскиот пат”на фреската да сведочи за многу идни поколенија, велат од Државен архив на Република Северна Македонија – Подрачно одделение Охрид.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температурата во Охрид до 24 степени
Post Views: 204 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 20 до 24 степени Целзиусови.
Десет години активизам за ретките болести – иницијатива и животна приказна на охриѓанката Гордана Лолеска
Post Views: 421 Десет години активизам за ретките болести. Главниот носител на активностите е Здружението Ретко е да си редок, а приказната е животната судбина на основачот на здружението Гордана Лолеска. По 14 години талкање по здравствени иснтитуции, пред точно десет години на нејзиниот син му била дијагностицирана ретка болест. Од тој ден започнала битката за подигнување на јавната свест за ретките болести.„На моето дете му беше дијагностициран Алпортов синдром. На тој 13 октомври ми се сруши целиот свет бидејки дотогаш немав ни слушнато што се ретки болести. Од тој...
„Паркирај совесно – паркирај одговорно”, превентивна активност на СВР Охрид
Post Views: 208 Вчера (02.10.2024), Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на сообраќајно едукативната кампања „Паркирај совесно -паркирај одговорно”.Притоа, полициски службеници, на повеќе сообраќајници во градот констатираа неправилно паркирани и оставени моторни возила на коловозните ленти, со што значително се нарушува нормалното одвивање на сообраќајот и се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Полициските службеници од отсекот за превенција, на возачите им укажаа на сторениот прекршок, ги запознаа со дел од казнените...
Уметници од Австралија ги сликаат убавините на Охрид за да ги прикажат на светот
Post Views: 182 Уметници од Австралија ги сликаат убавините на Охрид за да ги прикажат на светот. Иницијативата е на уметникот Ристе Андриески, кој по потекло е од охридското село Горенци. Заедно со двајца колеги од Австралија еден месец творат на брегот на Охридското Езеро. На платно ќе ги стават охридските убавини за да ги изложат и во земјава и во Австралија.Идната година во земјава ќе гостуваат 13 уметници од Австралија за да се запознаат со историјата, културата и убавините на земјава.„Имаме поминато низ Охридското кале, стариот град, слики правевме. Вчера...
На повидок нова енергетска криза во Европа
Post Views: 264 Европа ја очекува неизвесна зима. Поради случувања на Блискиот Исток и војната Русија – Украина експертите прогнозираат нова енергетска криза, пораст на цените на енергенсите, течните горива на берзата и електричната енергија. Единствениот излез е што поскоро стабилизација на електростопанството, рехабилитација на енергетската инфрастуктура и изградба на врската за снабдување со гас од Грција.„Секое поскапување и за минимална цена драматично се одразува на буџетот, но се што немаме мора да купиме, ние го плаќаме во Европа тоа што не можеме да го...
Утре акција за подигнување кабаст отпад во населбите Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала
Post Views: 176 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 04.10.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.Од претпријатието апелираат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 04.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 23 степени
Post Views: 185 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 9 до 23 степени Целзиусови.
Општина Охрид ќе ја одбележи 1010 годишнината од смртта на Цар Самоил
Post Views: 189 На ден 4.10.2024 година на просторот на Самоиловата тврдина со почеток во 12:00 часот со пригоден настан ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.Во рамки на настанот ќе биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Исто така предвиен е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска.Настанот ќе го проследат учениците од...
Одлука за спроведување на стратегиска оцена За планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 2.4 опфат 1, општина Охрид
Post Views: 251 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10,51/11, 123/12,93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18,89/22 ),Општина Охрид, на ден 26.09.2024 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена За планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 2.4 опфат 1, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.Повеќе информации може да се...
M-р Милчо Јованоски поднесе оставка од функцијата директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
Post Views: 201 Директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, м-р Милчо Јованоски денеска до министерството за култура и туризам и лично до министерот Зоран Љутков поднесе оставка од функцијата.Во дописот стои: – Почитуван министер, господин Зоран Љутков, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од лични причини. Како вработен во установата, останувам во неа на работното место виш библиотекар во Одделнието за културни манифестации, односи со јавноста, издавачка дејност, меѓународна...