Автор: инфодеск
Views: 135 НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2025 година.-НУ „Завод и Музеј“ Охрид во своето речиси 70 годишно постоење се етаблира како една од најзначајните, најстручни и најпосветени културни интитуции во Охрид и државата....
Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“
Views: 92 Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.Одлуката е донесена едногласно од страна на петчлената комисија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите: Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев.Владимир Ангеличин –Жура (1946- 2025) во својата богата професионална кариера бил уредник на Радио Охрид (1961 -1975), а потоа уредник на весникот на ГП...
Промовирана книгата „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски
Views: 69 Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“, денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа свечената промоција на книгата „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски, во издание на Библиотеката и со поддршка на Општина Охрид.Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави советничката во Советот на Општина Охрид, Наташа Попоска Карче која упати срдечни честитки до авторот и го истакна значењето на неговиот труд.Книгата беше промовирана од проф. д-р Зоран Тунтев, кој одржа обемна, детална и исклучително...
Соопштение до даночните обврзници со заостанати обврски за данок на имот
Views: 99Општина Охрид, врз основа на Законот за даноците на имот и донесените општински одлуки, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината кај кои е утврдено постоење на неподмирени обврски за данок на имот заклучно со 2025 година, дека се должни во најкус можен рок да ги подмират своите долгови. (линк)Непостапувањето ќе резултира со:пресметка на законска камата за ненавремено платен данок,поведување постапка за присилна наплата согласно закон.
Свикана 4. седница на Советот на Општина Охрид
Views: 114 Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.12.2025 година (среда) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р...
Денес ќе биде промовирана книгата „Григор Прличев – вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски
Views: 98 И денес продолжуваат чествувањата по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот. По тој повод, денес во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „НУ Библиотека ‘ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски, а во издание на Библиотеката.Авторот, м-р Јованоски, во неа ги вклопил новите истражувања сврзани со животот и делото на Прличев, напишани во новинарски манир кои се движат по линијата на книжевното и публицистиката.Оваа „книжевна читанка“ е прва во издание на Библиотеката, паралелно напишана на...
Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење
Views: 144 Во Битола од вчера е во функција дневен Центар за стари лица со активно стареење, проект кој е поддржан со грант од Светска Банка, а со кој ќе управува Општинската организација на Црвен крст во овој град.Социјалната услуга која е наменета за лицата од третата доба-старите лица, всушност преставува превенција на потребата од вонсемејна заштита, односно целосна поддршка и исполнување на потребите на старите лица кои имаат потреба од оваа услуга со цел да се подобри и одржува квалитетот на живот и ќе се направи превенција од вонсемејна заштита.На отворањето присуствуваа...
Прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец“ и „Српница“
Views: 116 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кленоец“ и „Српница“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.









