Автор: инфодеск
Post Views: 213 Со реконструкцијата се изврши промена на кровот,промена на старата дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешните простории и подови, велат од Општина Дебрца.Вкупната вредност на работите изнесуваше 2.022.225 денари, кои се обезбедија од Буџетот на општината за 2024 година.
Одржана презентација на Академијата за жени претприемачи во ОСУ „Св. Климент Охридски“
Post Views: 217 На 27 септември 2024 година ОСУ „Св. Климент Охридски“ беше домаќин на Македонско-американската Алумни Асоцијација (МААА), која со поддршка на Амбасадата на САД во државава одржа презентација за Академијата за жени-претприемачи.Учество зедоа ученички од трета и четврта година, како и овогодинешната победничка на Академијата, Марта Пејоска, поранешна гимназијалка од истото училиште.– На учениците им беа претставени поимите претприемништво и бизнис план, но исто така добија прилика да го слушнат искуството од Марта Пејоска од прва рака, да...
Европската Ренџерска Федерација организира обука за ренџери во Охрид
Post Views: 293 Европската Ренџерска Федерација (ERF) во соработка со SMART (Spatial Monitoring and Reporting Tool) во периодот од 30.09 до 04.10.2024, во Охрид организира обука за ренџери. На оваа обука учество зедоа и ренџерите од Националниот парк Галичица.Од Националниот парк Галичица информираат дека во рамки на оваа обука од страна на ERF и SMART беа одржани предавања за ренџери и управувачи со заштитени подрачја за мониторинг и заштита на биодиверзитетот со употреба на cutting-edge технологијата, известување, продлабочување на знаењата на реџерската служба за...
Јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за релација Охрид – с. Горно Лакочереј – Охрид
Post Views: 240 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена од Советот на Општина Охрид на ден 11.06.2015 година и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници бр. 08- 12305/34 од 06.12.2021 година донесена од Советот на Oпштина Охрид , Општина Охрид објави Јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за релација Охрид – с. Горно Лакочереј – Охрид линија 1 / 2.Повеќе информации можат да се видат на линкот.
Во четврток ќе се одржи акција за подигнување кабаст отпад на улиците ,,Абас Емин” и ,,Железничка”
Post Views: 194 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реон опфатен со улиците ,,Абас Емин” и ,,Железничка”.Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 03.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00...
Во Охрид има доволно образовни асистенти, но недостига инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата
Post Views: 209 Сите ученици на кои им се потребни имаат образовни асистенти, но недостига инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата во Охрид. Потребни се екипирани стручни тимови педагог, психолог, логопед, дефектолог. Поголемиот дел од училиштата во Охрид немаат соодветна инфраструктура, лифтови, тоалети, засебни простории, дидактички алатки.Петнаесеттина образовни асистенти им помагаат на основците, а општина Охрид обезбеди шест за средните училишта.„Ако речеме дека се...
Археолошки истражувања на локалитетот Самуилова Тврдина
Post Views: 211 Во склоп на овогодишната програма за финансирање проекти од областа на културата од страна на Министерството за Култура и Туризам, во тек се истражувањата на Самуиловата Тврдина под раководство на археолог Анатоли Арнаудоски, виш кустос.Оваа година во тимот беа вклучени студенти од Универзитетот Гете од Франкфурт како и факултетот Саумптентон од Обидинетото Кралство.Фокусот беше ставен на новооткриената некропола од 12 век, фамилијарната доцноантичка гробница како и анализата на фрагменти мозаик пропратени со архитектонски градби во Јужниот дел од...
Времето во Охрид сончево со температури до 21 степен
Post Views: 193 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 21 степен.
Продолжи судскиот процес против градоначалникот Меко, за незаконско поставување на директори во училиштата
Post Views: 255 Продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Меко, за незаконско поставување на директори во училиштата. Исказ даваше секретарката на ОУ од Велешта, која кажа дека трпела мобинг од директорката. Под притисок била принудена да потпише потврда дека директорката Егзона Шеи имала петгодишно работно искуство.За повреда на работно место пријавив во трудовиот инспекторат и полиција, сведочеше секретарката Кумриша Хани. Дека директорката била незаконски поставена потврди и државниот просветен...
Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на стари лица
Post Views: 248 Црвен крст Охрид се приклучува на кампањата на Обединетите нации и денес го одбележува 1-ви Октомври, Меѓународниот ден на стари лица.Црвен крст Охрид спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот на старите луѓе и дава придонес и активно се вклучува во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.Во таа насока, Црвен крст Охрид денес во своите простории со почеток во 14:30 ч. организира тематска средба на која ќе учествуваат претставници на Програмата за грижа за стари лица „НАЈДИ ВРЕМЕ“, која се...
„Секс, лаги и љубомора“ во петок повторно на репертоарот на охридскиот театар
Post Views: 387 Охридскиот театар во петок повторно ќе се претстави со претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле АнгеловскиУлогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари.Од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид напоменуваат дека билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, резервации за претставата не се...
УХМР: Сончево со мала локална облачност
Post Views: 197 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 19 степени Целзиусови.