Skip to main content

Автор: инфодеск

Аеродром Охрид

Успешно изведена показна вежба за воздушна безбедност на охридскиот аеродром

Views: 64 Вчера, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.  Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.-Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на...

Продолжи со читање

Македонскиот филм „Утре наутро“ премиерно во петок во НУ „Григор Прличев”

Views: 164 „Утре наутро“ – македонски долгометражем филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи, премиерно ќе биде прикажан во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид во петок, 12 декември со почеток во 19.30 часот.Содржина:Аида, млада докторка е силувана од нејзин постар колега, влијателен и богат хирург. Корумпираниот суд ја отфрла нејзината тужба со образложение дека за време на настанот таа не давала доволно силен отпор.Јоана Пеласка, сопругата на поранешниот премиер и нејзините деца се прогонувани заради видео фајлот на кој се гледа што се...

Продолжи со читање

Преподобен Григориј Декаполит

Views: 55 Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.

Продолжи со читање

УХМР: До крајот на неделата следува претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 103 Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 9 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност од денес во вечерните часови, до крајот на неделата следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини...

Продолжи со читање

Утре крводарителска акција во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Views: 65 Утре, Црвен крст Охрид во соработка со Служба за трансфузија Охрид, а во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, организираат крводарителска акција со почеток 9 часот.-Ги повикуваме сите ученици и вработени во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид да ја покажат својата хуманост – да ја даруваат својата скапоцена течност!, велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Свр охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради вршење нелегален јавен превоз со импровизирано превозно средство „воз“

Views: 100  СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.– На 20 август 2025 година во Охрид, полициски службеници го затекнале внукот на пријавениот, кој по дозвола и насоки дадени од пријавениот, со импровизирано превозно средство „воз“ вршел јавен превоз без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз и без документација за возилото, информираат од МВР. 

Продолжи со читање

Никој од обвинетите за случајот Пулс не чувствува вина

Views: 83 Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште во судницата во Идризово изјави дека не се чувствува виновен. Тој изрази сочувство, дополнувајќи дека ја познава болката и тагата на починатите и нивните блиски, бидејќи и тој, како што рече, има починат член од фамилијата.-До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Јас како човек и како родител, во клуб каде што се собираат сите млади и моите деца, никогаш не би дозволил да...

Продолжи со читање

Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј

Views: 91Во петок, 5 декември 2025 година во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“.На изложбата ќе бидат презентирани 80 експонати кои се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид, кои се изработени главно од сребро во филигранска техника и украсени со полукапоцени камења, украсни стакленца и висулци – трепетушки, а се врвни изработки на мајсторите кујунџии од Охрид, Струга и Дебар кои датираат од крајот на XVII до средината на XX век. Ќе бидат презентирани...

Продолжи со читање