Skip to main content

Автор: инфодеск

Медиумско ангажирање и описменување на младите за поголем граѓански и политички активизам

Post Views: 235 Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите.Ова се наведува во публикација „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање”, во која се презентирани наодите од истражувањето што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го спроведе со испитаници на возраст од 18 до 29...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи претставата „Младиот чорбаџија“  

Post Views: 286 Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, денес  на сцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот чорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје.Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни нешта битни за  нивно правилно воспитување и осознавање на вистинските вредности. Однесувањето кон семејството и семејните вредности, почитта, хуманоста,...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температури до 26 степени Целзиусови

Post Views: 279 Денес во Охрид времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец и температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 26 степени Целзиусови.Сончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник кога ќе биде и најзначителен пад на температурата (за 8 до 10 степени), информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Православните христијани денес го слават празникот Крстовден – Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст

Post Views: 297 Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на...

Продолжи со читање

Во понеделник црковно народен собир во црквата Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Post Views: 259 По повод празникот Свети маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните христијани на 30-ти септември традиционално ја посетуваат малата црква посветена на светителките во населбата Лагадин.Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев го изгради параклисот по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој празник верниците доаѓаат да се помолат , се отпејува проскура и пченица, а се служи и ручек. Ктиторот на црквата Патчев традиционално собраните средства ги наменува во хуманитарни цели.На 30 септември, црквата го празнува...

Продолжи со читање

Денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор

Post Views: 185 Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.-Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја...

Продолжи со читање

Трет уписен рок на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Post Views: 188 Третиот уписен рок за новата академска 2024/2025 година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е утре (27-ми септември 2024 год.). Заинтересираните кандидатите ќе може да поднесат документи од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот, велат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.

Продолжи со читање

Акцијата за подигање кабаст отпад во населба Бараки ќе се реализира во понеделник наместо утре

Post Views: 182 Акцијата за кабаст отпад У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира на 30.09.2024 год.(понеделник).Заради преземените неопходни безбедносни мерки и активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека највената акција за подигање кабаст отпад за ден 27.09.2024 год.(петок) од У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира на ден 30.09.2024 год.(понеделник), велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид....

Продолжи со читање

Денес ќе имаме топло и сончево време

Post Views: 174 Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 12 до 25 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Во сабота ќе се одржи традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Post Views: 182 Црвен крст Охрид со големо задоволство ја најавува традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која ќе се реализира на 28 септември.Настанот ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од Кеј Македонија- пред х. Палас, а цел на Кеј Македонија-пред Центар за култура Григор Прличев, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди, информираат од Црвен крст Охрид.–Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број...

Продолжи со читање

Театар Хит од Скопје со претставата Младиот чорбаџија ќе гостува во Охрид

Post Views: 183 Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, овој петок  на сцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот чорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје.Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни нешта битни за  нивно правилно воспитување и осознавање на вистинските вредности. Однесувањето кон семејството и семејните вредности, почитта, хуманоста,...

Продолжи со читање

Граѓаните не веруваат дека ќе се намалат трошоците за храна

Post Views: 255 Стапи на сила  акциската кошница,  треба да бидат намалени 73 основни прехрамбени производи зеленчук и овошје. На охридксиот пазар  денес малку радвижено. Граѓаните велат не забележале намалување на цените. За нив зеленчукот и овошјето се скапи, повеќето велат годинава избегнуваат подготовка на зимница.Не веруваат дека со владиниата мерка ќе им се намалат трошоците за храна и дека ќе им ја подобрат куповната моќ.–Јас лично не верувам затоа што секоја цена со искуство наназад години не се вратила на старата цена никогаш не ги вратиле....

Продолжи со читање