Skip to main content

Автор: инфодеск

„Исчезнаа“ уште тројца Непалци во Охрид

Post Views: 197 На 24.09.2024 во 09.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.С.(29), Д.С.(22) и Н.К.(20), сите од Непал, го напуштиле хотелот каде биле сместени и биле вработени.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим за време на посетата на унгарскиот премиер Орбан на Охрид

Post Views: 224 Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид презема неопходни безбедносни мерки и активности.Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка” и улиците „Коста Абраш”, „Цар Самоил” и кеј „Македонија”.На 26 и 27.09.2024 година...

Продолжи со читање

Народен театар Охрид вечерва ќе настапи на театарскиот фестивал „Денови на комедија 2024″ во Куманово

Post Views: 319 Народен театар Охрид, вечерва (25.09.2024) настапува на театарскиот фестивал „Денови на комедија 2024″ во Куманово со претставата „Секс лаги и љубомора” во режија на Коле Ангеловски.На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 11 претстави од 6 театри од Македонија и поедна од Бугарија и Србија. Претставата започнува во 20.00 часот.

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло

Post Views: 184 Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 12 до 23 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Во понеделник ќе се одржат 45. и 46. седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 309 45. и 46. седница ќе се одржат во понеделник во зградата на Општина Охрид со почеток во 9 часот.45. Седница на ден 30.9.2024 г. (понеделник) со почеток во 9 ч. со следниот:Д Н Е В Е Н Р Е Д1. Советнички прашања46. Седница на ден 30.9.2024 г. (понеделник) со почеток во 10:30 ч. со следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 44. Седница1. Предлог-решение за избор на заменик-претседател во Комисија за месна самоуправа.2. Предлог-решение за избор на заменик-претседател во Комисија за урбанизам.3. Предлог-решение за избор...

Продолжи со читање

Граѓаните да внимаваат на рокот и изгледот кога купуваат храна, апелираат надлежните

Post Views: 167 Инспекциските контроли оваа летна сезона открија тони небезбедна храна во охридско струшкиот регион. Во промет во ресторани, маркети, месари, беа затекнати прехрамбени производи без декларации, со сомнителен квалитет и поминат рок, дел завршиле и на домашната трпеза. Во Центарот за јавно здравје не е регистрирано ниедно труење од храна, но лекарите велат конзумирањето на храна со поминат рок или сомнителен квалитет има штетни последици врз човековото здравје.„Да земаат производи кои што се во рок на употреба, да не биде оштетена амбалажата, да не бидат...

Продолжи со читање

Седми ден трае потрагата по турист од Белгија, доколку некој го забележи да пријави на 112

Post Views: 212 Седми ден трае потрагата по туристот од Белгија, Националниот сојуз за планинско спасување (НСПС) денес со апел ако некој го забележал или го забележи да пријави.– Лицето последен пат е забележано во атарот на с. Лакајца, струшко, на 18ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката. Замолуваме доколку некој го забележи или веќе го има забележано во изминатите денови, да ја сподели информацијата со...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со услови за дожд

Post Views: 183 Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 12 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Дводневни вонредни инспекциски надзори на Агенцијата за храна и ветеринарство

Post Views: 388 Во Струга казнети маркет и месарница, уништени 65 килограми небезбедна храна. Во Охрид казна од 500 евра заработи една гостилница, каде беа пронајдени 15 кг небезбедна храна. Во Кичево, пак покрај казна времено е  затворен еден ресторан, таму се уништени 187 килограми храна.  Ова се резултат само на дводневните вонредни инспекциски надзори на Агенцијата за храна.Најчестите прекршоци се немање декларации и продажба на храна со поминат рок.„Тоа говори дека во иднина Агенцијата за храна и ветеринатрство ќе спроведува засилени контроли на целата...

Продолжи со читање

Стружани го кренаа гласот против казината и  обложувалниците

Post Views: 315 Алармот го вклучи изградбата на ново казино во градот, во близина на училиште и детска градинка. Велат во Струга  има повеќе објекти наменети за  игри на среќа од образовни институции. Бараат државата да го ограничи бројот и локациите каде може да се отвораат вакви објекти.„Барем да ги ограничат местата каде може да се отвораат ние сме да нема казина воопшто во Mакедонија како што нема во Грција и други земји. Ете да не бидеме радикални, но да не се во места како станбени комплекси, близина на школи да најдат начин тоа да се дислоцира”,  вели Жарко...

Продолжи со читање

Започнаа градежните активности за изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците Петрино и Кленоец

Post Views: 224 Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците Петрино и Кленоец, информира градоначалникот Кирил Пецаков.Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3 901 622 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Oпштина Oхрид.

Продолжи со читање

Сашко Коцев со стендап насловен „Широк Дијафазон“ гостува во Охрид

Post Views: 519 Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид на 28.09.2024 година ( сабота) гостува актерот Сашко Коцев со стендап настап насловен „Широк Дијафазон” и зборува за аномалиите во општеството како и за машко женските односи. Почетокот на стенд ап шоуто е во 20 часот.Влезниците се пуштени се во продажба со цена од 400 денари и се продаваат секој работен ден од 10.00 до 17.00 часот како и сабота од 13.00 до 20.00 часот.Возрасна граница за публика 16+ години.

Продолжи со читање