Автор: инфодеск
Post Views: 53 Од Факултетот за туризам и угостителство информираат дека тим од професори од нивниот факултет, во период од 9 до 11 октомври учествуваше на Меѓународната научна конференција за економија, менаџмент и информатички технологии – ICEMIT 2025 во Куршумлиска Бања, Србија, а во организација на Школата за бизнис студии во Блаце, Топличка академија. Таму, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се јави како коорганизатор на оваа престижна научна манифестација, заедно со Универзитетот во Крагуевац, Факултетот за хотелски менаџмент и туризам во Врњачка Бања....
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски
Post Views: 44 Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 50 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.Во Охрид денешните температури во интервал од 9 до 17 степени Целзиусови.
ОЈО Скопје: Откриена бугарско-македонска шема за криумчарење луксузни возила
Post Views: 74 Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека три лица се под истрагата поради сомнение дека се дел од разоткриена шема за криумчарење луксузни автомобили од Бугарија, меѓу кои Тојота ЦХР вредна 22.500 евра, Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра и Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра.Со акцијата реализирана вчера под координација на јавен обвинител, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека првиот новоосомничен, во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Тојота ЦХР,...
Денес ќе се одржи света Литургија по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид
Post Views: 82 Од Дебарско-кичевска епархија Охрид по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид, еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, денес во храмот ќе биде отслужена света Литургија на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.Од епархијата информираат дека покрај локалните свештеници од Охрид, во...
НУ Завод и Музеј – Охрид е награден за „Најдобар словенски локалитет“
Post Views: 73 Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид ја доби престижната награда „Жива“ за 2025 година, како најдобар словенски културен локалитет. Наградата беше свечено врачена на директорот, м-р Горан Патчев, кој беше придружуван од колегата Сашо Блажески.Добитниците на овогодишните Жива награди ги објави Форумот на словенски култури (FSK) за време на меѓународниот настан што се одржа од 8 до 11 октомври 2025 година во Требиње, Босна и Херцеговина. Ова беше 11-то издание на наградата, проследено со конференција што ги собра...
Свежо цвеќе во чест на борците од НОБ
Post Views: 72 По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај градските гробишта.
Од утре се воведува новиот систем за контрола на Шенген зоната
Post Views: 92 Од утре почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена.Имплементацијата на системот ќе биде постепена во период од шест месеци, при што во првите 30 дена земјите членки ќе треба да евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от ден треба да почне евидентирањето на...







