Автор: инфодеск
Post Views: 228 Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.Во прилог Линк од...
Од денеска ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи
Post Views: 320 Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 % во трговијата на големо и на мало.На листата на основни прехранбени производи во т.н „есенска кошница“ се вклучени производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Производите вклучени во есенската кошница на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Трговците...
Охридскиот театар денес ја започнува новата театарска сезона
Post Views: 377 Денес охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува со претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.Од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид напоменуваат дека билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, резервации за претставата...
УХМР: Сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен ветер
Post Views: 239 Сончево и релативно топло со мала локална облачност поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 9 до 22 степени Целзиусови.
Младите волонтери од Црвен крст Охрид ќе ја изведат театарската претстава „Приказна за една идеја“
Post Views: 234 Црвен крст Охрид, од 21-ви до 27-ми септември 2024 ја одбележува Неделата на Промоција на хумани вредности. Младите волонтери ќе ги промовираат хуманите вредности преку театарската претстава „Приказна за една идеја“. Претставата ќе биде изведена во недела, 22 септември, на сцената во предворејето на црквата Св.Софија со почеток во 20:00 часот.„Текстот е мој , на Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, иако во текстот голема улога одиграа и младинците од Црвен Крст бидејќи секогаш гледаме кога подготвуваме некоја претстава младинците да имаат активна улога. Не...
Потребен е позитивен пристап за децата со аутизам
Post Views: 401 Расте бројот на деца со аутистичен спектар на нарушувања. Раната дијагностика е клучна во целиот циклус на интервенција и третман. Најважно е да се подигне јавната свест, соработката на родителите со педијатрите, матичните лекари и сите надлежни институции. Потребна е поголема подготвеност, ентузијазам и тимско работење за современ третман на аутизмот. Аутизмот како предизвик на здравствените работници е и темата на панел дискусијата која ќе се одржи во Охрид идната недела. Еминентни професори ќе го пренесат своето знаење за справување и поголемо...
Jazz In ја најави новата стендап сезона
Post Views: 254 Новата стендап сезона започнува оваа сабота на 21.09.2024 во 20:00 часот, а ќе настапат Никола Тодороски, Зоран Донев и Никола Братучед Силјаноски.Од Jazz In велат дека картите можат да се купат на www.hahaha.mk или да се резервираат на 075283066 по цена од 300 денари.
ТАВ најави мастер-план за развој на скопскиот и охридскиот аеродром
Post Views: 390 ТАВ Аеродроми, меѓународната групација со седиште во Истанбул, најави дека подготвува мастер-план за развој на двата македонски аеродроми.Мастер-планот, кој интензивно се подготвува со поддршка од мнозинскиот сопственик на ТАВ Аеродроми, француски АДП, се очекува да биде готов во следните два месеци и до крајот на годинава, концесионерот ТАВ Македонија, како подружница на ТАВ Аеродроми, ќе ѝ го презентира планот на македонската влада.Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми, членка на АДП, изјави: “Како ТАВ Аеродроми, реномиран бренд...
Започна 15. Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија
Post Views: 236 Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија. Во името на градот домаќин, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска.– Во името на градот домаќин и во свое лично име, Ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна и продуктивна работа. Уверена сум дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие четири дена, ќе придонесете за подобро разбирање на светот, а науката ќе биде ставена во служба на човештвото и неговиот одржлив...
Изготвен проект 2019-та, предвидена реализација во 2023-та, се надеваме на старт во 2025-та. Кога ќе добие Охрид реновиран студентски дом?
Post Views: 565 Средината на месец септември е период кога започнуваат да доаѓаат студентите во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид. Бруцошите на Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии доставуваат документи за остварување на правото на сместување, додека пак оние од повисоките студиски години кои добиле легло доаѓаат да ги потпишат договорите и да се сместат.Ги пречекува солиден објект, сместен на прекрасна локација на 70-тина метри од градскиот кеј на Охридското Езеро, во близина на двата факултети....
Безбедна за пиење водата во и околу мерно место ресторан Билјанини извори
Post Views: 206 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува граѓаните дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати, водата е исправна за пиење во и околу мерно место ресторан Билјанини извори – Охрид.
Меѓународна научна конференција за услужен сектор во организација на ФТУ Охрид
Post Views: 320 XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024), ќе се одржи во Охрид на 26 и 27 септември во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.Конференцијата ќе собере повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.–Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во...