Автор: инфодеск
Post Views: 84 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , вечерва од 20:00 часот и во текот на ноќта, без вода ќе бидат корисниците на дел од населбата Лагадин .Санацијата на дефектот ќе се врши утре во раните утрински часови.
Отсекот за превенција при СВР Охрид отпочна со реализација на проектот „Мојот пријател полицаец“
Post Views: 96 Отсекот за превенција при СВР Охрид, отпочна со реализација на проектот ,,Мојот пријател полицаец“. Полициски службеници од СВР Охрид, ги посетијадецата од предшколска возраст во детската градинка„Јасна Ристеска“ во Охрид каде, низ типизирана проактивна комуникација, на најмладите им беше објаснета улогата и значењето на полицаецот во општеството, што е безбедност и каква е полициската работа, зошто треба да се почитуваат сообраќајните знаци и им беше извршена презентација, прилагодена на нивната возраст, на дел од полициската опрема што се користи при...
Општина Струга ќе биде дел од „Tourism Fair Albania 2026“
Post Views: 126 Општина Струга го најави своето учество на меѓународниот саем за туризам „Tourism Fair Albania 2026“, кој ќе се одржи на 11–12 февруари 2026 година во Тирана, Република Албанија.-Овој саем претставува значајна можност за промоција на производите, услугите и туристичкиот потенцијал на нашата општина, велат од општината и го покануваат туристичкиот сектор да учествуваат директно на саемот, презентирајќи ја нивната понуда, но и да придонесат со промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга.Рок за доставување на промотивни...
Денес ќе се одржи стручниот медицински настан „Аутизам од дијагноза до достоинство“
Post Views: 96 Денес во Охрид ќе се одржи стручен медицински, акредитиран настан за доктори на медицина, посветен на аутизмот-од дијагноза до поддршка за достоинствен живот.Истиот е насловен „Аутизам од дијагноза до достоинство“ и ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот.Свои излагања ќе имаат еминентни предавачи: проф. д-р Филип Дума – детска неврологија, Амела Мемиш Апостоловска – психолог и клинички психотерапевт, Магдалена Чакар- Маркулеска – психијатар, Александар Сабрас- Апостолова – дефектолог, која ќе биде и модератор на...
ЈП Охридски Комуналец ја проширува мрежата за примарна селекција на отпад во домаќинствата
Post Views: 120 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека започнуваат со активностите за проширување на мрежата за примарна селекција на отпад во домаќинствата.-Досега во оваа мрежа се опфатени над 300 домаќинства коишто имаат добиено канти за селекција на пластика и картон/хартија. Сите граѓани коишто ќе имаат можност да се приклучат на оваа мрежа во следната фаза на спроведување на системот за управување со отпад ќе бидат благовремено известени, велат во нивното соопштение.За сите прашања во врска со селекцијата на отпад на територијата на општина Охрид, сите...
Денес е Св. Атанасиј Велики – Танасовден
Post Views: 105Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква.Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој...
УНЕСКО во јуни ќе одлучува дали Охрид ќе биде ставен на Листата во опасност
Post Views: 90 Извештајот за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро е официјално доставен до УНЕСКО, информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Според неговата изјава, одлуката дали Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност се очекува во јуни, на следната сесија на УНЕСКО што ќе се одржи во Јужна Кореја. Министерот нагласи дека институциите мора да бидат подготвени за сите можни сценарија.Љутков посочи дека актуелната состојба со Охрид и Охридското Езеро е резултат на процеси што траат повеќе од...
АХВ го одзеде кучето по видеото на кое дете го малтретира, сопственикот ќе биде казнет
Post Views: 132 Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое, како што се гледа од видеото, измачува куче.– Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше. Со спроведениот надзор утврдено е дека...
Започнува осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”
Post Views: 97 За еден милион и осумстотини илјади денари е намален буџетот за програмата за ретки болести. Семејствата на пациентите стравуваат дека ваквото кратење може да значи ризик од недостиг на терапија, особено за оние кои целосно зависат од редовно и континуирано лекување. Во вакви услови започнува осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, која повторно ја отвора темата за потребата од итни и одржливи решенија за најранливите пациенти.Загриженоста доаѓа во период кога расте бројот на новодијагностицирани пациенти со ретки и...
Отворен конкурс за обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица во Охрид и Дебрца
Post Views: 100 Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.Со цел унапредување и развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица преку ангажирање на стручен и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, ќе се реализира во...
Венецуела го приватизира нафтениот сектор по децении државна контрола
Post Views: 112 Националното собрание на Венецуела вчера ја одобри приватизацијата на нафтениот сектор, со што се напушта моделот на строга државна контрола воспоставен пред повеќе од две децении. Законот, потпишан од в.д. претседателката Делси Родригез, треба да овозможи странски инвестиции и приватните компании да добијат контрола врз производството и продажбата на нафта, како и независна арбитража на споровите.Реформата следува по соборувањето и заробувањето на поранешниот претседател Николас Мадуро во американска воена интервенција, по што американскиот претседател...
Утре во Охрид стручен медицински настан „Аутизам од дијагноза до достоинство“
Post Views: 120 Утре во Охрид ќе се одржи стручен медицински, акредитиран настан за доктори на медицина, посветен на аутизмот-од дијагноза до поддршка за достоинствен живот.Истиот е насловен „Аутизам од дијагноза до достоинство“ и ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Пеличев“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот.Свои излагања ќе имаат еминентни предавачи: проф. д-р Филип Дума – детска неврологија, Амела Мемиш Апостоловска – психолог и клинички психотерапевт, Магдалена Чакар- Маркулеска – психијатар, Александар Сабрас- Апостолова – дефектолог, која ќе биде и модератор на...