Skip to main content

Автор: инфодеск

Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

Views: 168 Денеска (02.10.2026), мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над 23 годишно лице од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин.За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.извор: МВР

Продолжи со читање

Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт

Views: 159 Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување. Па, бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество во нивниот празник. Атик ги даде на суд, па бидејќи не се одрекоа од Христа, еден по еден ги подложи на маки. Откако ги изби и ги...

Продолжи со читање

Денес сончево со температура до 21 степен

Views: 131 Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид денес температурите од 7 до 21 степен Целзиусов.Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Продолжи со читање

Црвен Крст Охрид

Литературен и ликовен конкурс на тема „Хумани прегратки за достоен и подолг живот“

Views: 162 Во рамките на активностите за промовирање на здраво, активно и достоинствено стареење, Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Хумани прегратки за достоен и подолг живот“.Конкурсот се распишува со цел да придонесе кон поттикнување на меѓугенерациската солидарност и кон јакнење на јавната свест за важноста на заедничкото учество во хуманитарните активности. Притоа, акцент се става на поттикнување на креативниот дух меѓу младите и на нивното учество во градењето општество во кое секоја генерација е...

Продолжи со читање

Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 4

Views: 142 Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за урбана заедница 4, рбан блок 4.2-опфат 2, Општина Охрид е ставен на увид, информираат од Општина Охрид.Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во  Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата во Општина Охрид секој работен ден  од 7:30  – 15:30 часот    почнувајќи  од 01.10.2026 год. до 01.11.2026 год. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 26.10.2026г.во...

Продолжи со читање

Кабаст и зелен отпад

Утре акција за подигнување кабаст и зелен отпад од „Абас Емин”, „Железничка” и дел од „Туристичка”

Views: 137 П „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.10.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците „Абас Емин”, „Железничка” и дел од „Туристичка”.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.10.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075/495-428 и 075/397-944,посочуваат од јавното претпријатие.

Продолжи со читање

Злато и два бронзени медали за учениците од „Ванчо Питошески“ на ГАТУС 2026

Views: 131 Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид освоија еден златен и два бронзени медали на 14. Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, кој од 26 до 29 септември се одржа во Приједор, Босна и Херцеговина.Златниот медал во дисциплината туристички аранжман го освоија Андреа Билбилоска, Марија Башеска и Вероника Петроска, под менторство на Катерина Тодороска.Бронзени медали освоија и учениците во дисциплините готварство – Габриела Ѓореска, Викторија Илијоска и Никола Краљевски, со ментор Војо Ангеловски, како и во...

Продолжи со читање

Во Охрид одржан VI Меѓународен конгрес на медицински сестри, техничари и акушерки

Views: 140 Охрид викендов беше место на значаен професионален собир посветен на сестринството – VI Меѓународен конгрес на медицински сестри, техничари и акушерки – Охрид 2026. Конгресот беше исполнет со стручни предавања, размена на знаења и искуства, професионални средби и дискусии за предизвиците со кои се соочува сестринската професија, како и за можностите за нејзино унапредување.Особено значајно беше учеството на претставниците од ЈЗУ Општа болница Охрид, кои преку своите стручни излагања споделија искуства од секојдневната сестринска практика.Билјана Андоноска, главна...

Продолжи со читање