Автор: инфодеск
Views: 113 Охрид Мол викендов ќе биде исполнет со вино, музика и позитивна енергија преку тридневниот настан „Винска приказна“, кој ќе се одржува од петок до недела.Официјалното отворање е предвидено за денес, петок, 28 ноември, во 18 часот. Веднаш потоа, во 18:30, ќе биде реализирана работилница за млади и деца, а во 20 часот посетителите ќе можат да го проследат настапот на КУД „Ѓердан од бисери“.Утре, сабота, 29 ноември, ќе има научен и едукативен дел. Во 12 часот ќе започне интерактивната театарска претстава „Гроздот Гроздко“, а во 13 часот е планиран едукативен дел со...
Денеска почнува шестнеделниот Божиќен пост
Views: 113 Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба.Во Православната црква практика е во текот на Божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување...
Денес облачно со повремени врнежи од дожд
Views: 68 Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Денес минималните теператури во Охрид ќе бидат од 5, а максималните до 7 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека од утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и...
Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам во Нови Сад
Views: 76 Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките...
ЈЗУ Општа болница Охрид го реши деценискиот проблем со архивата – целосно уредени архивските простори
Views: 61 Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека врз основа на извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот архив на РСМ и по добиениот указ и насоки, В.Д. Директорот спец. Др. Горан Маркоски, согласно законите формираше Комисија за одбирање и евидентирање на архивскиот материјал, која имаше задолжение да го одберат и издвојат архивскиот материјал, да одредат рокови за негово чување, да документираат рокови за уништување, да изработат опис и попис на архивскиот материјал. По извршувањето на задолженијата, Комисијата имаше задача да изготви и достави до Архивот на РСМ, барање...
Македонија „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад
Views: 131 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, информираше дека нашата земја е „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад. Тој истакна дека во Конгресниот центар „Мастер“ беа присутни претставници од цел Балкан, каде беа споделени нови идеи, нови контакти, но и планови за заеднички проекти.-Од страна на Србија беше испратена силна порака за партнерство и пријателство, а ние како држава покажавме колку имаме да понудиме: традиција, култура, природа, вкус, енергија и гостопримство што се памети. Верувам дека оваа соработка ќе донесе нови можности за...
Детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка” утре во Охрид мол
Views: 99 Утре, петок, 19:00 во Ohrid Mall, е термин резервиран за детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка” во изведба на театар Колозов.-,,Рибарот и златната рипка” е сказна позната за сите нас од А.С.Пушкин, преточена e во незаборавно театарско доживување со адаптација за најмалите од Шенка Колозова. Целта на ова дело е да покаже пример за добрината, дарежливоста, алчноста и границите на еден мек, забавен, хумористичен и бајковит начин, велат организаторите.Во претставата играат: Владо Дојчиноски (рибарот), Пируника Киселички (Златната рипка), Дубравка Киселички...
Сè уште беснее најмасовниот пожар во Хонгконг
Views: 103 Пожарот во станбените висококатници со околу 4.600 жители во Хонгконг гори повеќе од 24 часа. Бројот на загинати порасна на 55, а стотици луѓе и натаму се водат како исчезнати. Истрагата за причината уште трае, но засега се уапсени три лица, вклучително и директори на градежни компании. Според полицијата, на прозорците на зградите имало мрежи и пластични фолии кои веројатно придонеле за брзото ширење на пожарот. Експертите за противпожарна безбедност веруваат и дека големата количина бамбусови скелиња што ги поврзуваат станбените блокови го разгорела пожарот од синоќа....









