Автор: инфодеск
Post Views: 193 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.
Утре во Охрид почнува 67-от Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)
Post Views: 230 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА). На највисокиот репрезентативен собир на државите и полициите од светот-членки на ИПА, во Охрид пристигнаа над 240 високо рангирани полициски службеници, претставници од 64 ИПА држави и нивни национални ИПА секции како и други меѓународни организации членки на Организацијата на Обединетите нации (ООН).Утре по свеченото отворање и средбата со новинарите, во 11 часот, ќе се одржи ИПА парада во која, сите учесници на Светскиот конгрес, носејќи ги нивните полициски униформи, ќе парадираат по...
Емир Муфти е нов претседател на Ротари клуб „Охрид“
Post Views: 407 Ротари клубот „Охрид“, по традиционалната летна пауза, синоќа го одржа првиот редовен состанок за актуелната ротаријанска година.Од клубот информираат дека на состанокот станало збор за активностите и настаните кои биле реализирани во ротаријанска година која измина, како и идните планови и активности кои претстојат за тековната година.“Се изврши и примопредавање на претседателската и секретарската функција, со што претходниот претседател на клубот Олег Маленко, во присуство на членовите на клубот, свечено му го предаде Ротаријанскиот...
На Охрид му треба нова стратегија за туризам
Post Views: 287 Наместо масовен, потребен е одржлив туризам. Охрид треба да работи на привлекување на еколошки свесни и културни гости. Главните адути на градот под капа на Унеско треба да бидат уникатното културно историско богатсво и ретките природните убавини. Ова се препораките на експертската јавност. Од Општина Охрид велат се иницира нова Стратегија за туризам. -Немам дилеми дека треба да се направи Стратегија за туризам, но тука Општина Охрид не е стручна тука треба соработка не само со Факултетот за туризам туку и со многу луѓе кои се со години во туризмот. Во...
Охридскиот театар во понеделник ја започнува новата театарска сезона
Post Views: 318 Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 23 септември 2024 (понеделник) со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.Од НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид напоменуваат дека билетарата работи секој работен ден од...
Стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското езеро
Post Views: 378 Во текот на летната туристичка сезона, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, (Езерска полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското езеро. Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите вдолж охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од Езерската полиција, интервенираа по еден случај кога на малолетно лице ненадејно му се превртел кајакот по што, безбедно го извлекоа малолетникот, при случај на...
Промоција на збирка раскази „Животен калеидоскоп“ од Наде Ќосеска
Post Views: 284 На 18 септември среда во 12.30 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана втората збирка раскази од Наде Ќосеска со наслов „Животен калеидоскоп“.Охриѓанката Ќосеска има лесно разбирлив тек на речениците во кои доминираат описите, но и редица стилски фигури кои сами за себе говорат за нејзиниот раскошен талент. Нејзините нови раскази се нови животни приказни, истовремено едноставни и комплексни и бараат уште еднаш во себеси да ги преработите и да ги откриете скриените пораки меѓу зборовите. Кога ќе ги читате...
Ќе се згрижуваат децата во струшките градинки
Post Views: 284 Од денес ќе се згрижуваат децата во струшките градинки. Избран е директор, а дваесеттината негователки и воспитувачки се повикани на работа. Нив им е ветено дека од 01 октомври до крајот на годинава ќе добиваат минимална плата со осигурување, а од следната година ќе се чека и согласност за вработување од министерството за социјална политика.По две недели префрлување на вината на релација општина и министерство за социјална политика ова е времено решение. Трајното решение е вработување на негователките и воспитувачките кои со години, а некои и...
Излета возило на магистралниот пат Охрид -Ресен
Post Views: 197 Денеска (16.09.2024) во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид -Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од 57 годишно лице од струшкото село Октиси, излетало од патот. Во несреќата, возачот и 63 годишен сопатник од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
Есенската кошничка ќе почека, Владата ќе разговара со производителите и трговците
Post Views: 263 Денеска, според најавите, требаше да биде познато кои производи ќе ја сочинуваат есенската кошница и тоа дали ќе се примени мерка ограничување на цената или на маржата на тие производи. Министерството за економија денеска требаше да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со над 100 прехранбени производи и истиот да биде усвоен на утрешната редовна седница на Владата.Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека рокот се пролонгира поради дијалог со производителите и трговците.„ Утрово имав разговор со министерот за...
Општина Дебрца достави апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти
Post Views: 233 Во рамките на Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Белчишта-село Злести, во должина од 1400 метри, информираат од општина Дебрца.
Охрид ќе ја одбележи ПХВ недела
Post Views: 180 Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини.„Оваа година, неделата ја одбележуваме со театарска претстава „Приказна за една идеја“ која ќе се изведува на 22.09.2024 во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:00. Во текот на изминатиот месец, ПХВ младинци и тим од волонтери ја подготвуваат оваа театарска претстава преку која ќе се обидат да го прикажат почетокот и идејата за движењето...