Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Охрид се одржаа Републички спортски натпревари на Националниот сојуз на здруженијата на инвалидите на трудот

Post Views: 204 Во одморалиштето ,,Далјан,, во Охрид, викендов се одржаа традиционалните Републички спортски натпревари на Националниот сојуз на здруженијата на инвалидите на трудот на РС Македонија.Спортските натпревари ги поздрави и за отворени ги прогласи претседателот на Националниот Сојуз на инвалидите на трудот на РС Македонија Џеват Палоши, а ги поздравија и гостите потпретседателката на Сојузот на инвалидите на трудот на Албанија и претседателка на Корча Доника Јица,претседателот на Пешкопеја Дритан Болуку,а во името на градот домаќин претседателот на ЗИТ Охрид Климо...

Продолжи со читање

Без вода корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“

Post Views: 202 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Димо Хаџи Димов“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од ЈП Водовод – Охрид.

Продолжи со читање

Денес и утре втор уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 232 Вториот уписен рок за запишување на студенти на прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е  на 16-ти и 17-ти септември 2024 год. (понеделник и вторник).Кандидатите своите документи ќе може да ги поднесат од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот. Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.

Продолжи со читање

Денес времето променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 244 Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од среда се очекуваат наместа пообилни и поројни врнежи, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат од 10 до 16 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

СВР Билтен: пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја

Post Views: 203 На 12.09.2024 во 20.55 часот на улица „Никола Карев” во Охрид, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 58 годишно лице од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денес ќе се одржат 36. Охридски староградски средби 2024

Post Views: 302 Денес во големата сала на НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржат 36. Охридски староградски средби 2024.-Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, порачуваат организаторите.Влезот е бесплатен.

Продолжи со читање

Поради лошите временски услови се одложува детскиот настан „Разигран плоштад”

Post Views: 221 Поради лошите временски услови се одложува одржувањето на детскиот забавен настан ,,Разигран плоштад”, кој беше закажан за денеска напладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.-За следниот погоден термин за одржување на настанот дополнително ќе бидете информирани, информираат од Oпштина Охрид.

Продолжи со читање

„Заедницата има многу лица“ – успешен проект на ТВМ

Post Views: 817 „Заедницата има многу лица“ е успешна приказна реализирана во рамки на програмата Медиуми за промени од Западен Балкан, поддржана од Обединетото Кралство, според тимот кој ја спроведува. Ова е втор успешен проект на ТВМ после „Ти си твојот град“ реализиран во 2021та година во рамки на програмата „Медиуми за сите”. Целта на „Заедницата има многу лица” е да се овозможи на граѓани од различни групи – жени, постари лица и млади луѓе – платформа за споделување на нивните приказни, да се даде можност на публиката да креира содржини, да поттикне...

Продолжи со читање

Детскиот настан ,,Разигран плоштад” овој петок во Охрид

Post Views: 207 Во рамките на Програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото:,,Културата расте со децата” ќе се одржи забавниот настан ,,Разигран плоштад”. Според предвиденото учениците од 5-то одделение од општинските централни училишта ќе играат во исти чекори, на ист ритам и ќе го прослават танцот.Настанот ќе започне во 12:00 часот на градсакиот плоштад „Свети Климент Охридски“, по завршувањето на наставата. Учениците кои ќе учествуваат на настанот  или сакаат да бидат дел од публиката, треба да бидат на плоштадот најдоцна до 11:45 часот.Преку...

Продолжи со читање

Утре ќе биде готова есенската кошница со 100 производи со ограничени цени

Post Views: 244 Се крои списокот на производи кои ќе се најдат во есенската потрошувачка кошничка. Овошје, зeленчук, ориз, грав, месо се дел од производите што според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе бидат со пониски цени како мерка за помош на стандардот на граѓаните. Дали мерката ќе се состои во ограничување на цените на одредено ниво или, пак, на маржата ќе зависи од одлуклата на Работната група што е формирана за изработка на оваа кошничка.„Министерството за економија и труд заедно со министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и со финансии...

Продолжи со читање

Раководството на ИПА Охрид на средба со градоначалникот Пецаков

Post Views: 252 По повод претстојниот 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) кој од 17 до 22 септември оваа година, ќе се одржи во Охрид, денеска претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски и началникот на СВР Охрид Игор Смилески, кој е генерален секретар на ИПА Охрид, остварија работна средба со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.Претседателот Димоски, на градоначалникот Пецаков, му врачи покана за учество на Светскиот конгрес и го запозна со целокупната агенда на сите активности поврзани со овој највисок репрезентативен собир на државите и...

Продолжи со читање

Во јули 204.336 туристи престојувале во Македонија

Post Views: 214 Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2  отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.И во јули најмногу туристи имало од Турција (53.296) и Србија (10.402). Следат Полска со  4.445 туристи и Романија со 3.995 и Германија со 3.318 туристи. Вкупно 123.931 туристи престојувале покрај езерата, додека 50.168 го посетиле Скопје.Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци...

Продолжи со читање