Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре (петок) ќе се одржи акција за подигнување на кабаст отпад на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати

Post Views: 193 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 13.09.2024 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 13.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид во сабота ќе го одбележи Светскиот ден за Прва помош

Post Views: 228 Црвен крст Охрид во сабота ќе го одбележи Светскиот Ден за Прва помош, промовирајќи ги знаењата и вештините за првата помош, ставајќи акцент на спортските активности.-Темата на овогодинешниот Светскиот ден за Прва помош е „ПРВА ПОМОШ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ – ПОДГОТВИ СЕ И УКАЖИ ПОМОШ“. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 14.09.2024 г. (сабота) на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, каде во периодот од 11-13 ч. тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе...

Продолжи со читање

23 години патека за велосипеди „par excellence“

Post Views: 556 Станарите од зградата на булевар Туристичка за Ти Си Твојот Град ни испратија слики од велосипедската патека која поминува низ центарот на градот. Тие велат дека иако се поминати веќе 23 години од нивното вселување, патеката е во очајна состојба, риунирана, небезбедна и неуредна, и дека целиот овој период во овој дел од градот не е ништо променето.Жителите на зградата апелираат на итна поправка на велосипедската, но и пешачката патека на овој дел од булеварот, со цел побезбедно движење на учесниците во сообраќајот во строгиот центар на градот.

Продолжи со читање

Од понеделник во аптеките достапни новите девет лекови од позитивната листа

Post Views: 351 Од понеделник, 16 септември, во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови со кои е проширена позитивната листа, соопштија денеска министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски.На листата се додадени девет нови генерици, а тоа се 87 лекови во различни имиња и форми. Тоа се лекови за висок крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција, односно – за некои од најчестите болести меѓу населението.„Тоа се лекови што ги користи секој втор човек над 60 години. Мислам дека тоа...

Продолжи со читање

Делегација од Општина Охрид во работна посета на Шведска

Post Views: 189 Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, директорот на ЈП „Охридски Комуналец,  Сашо Најдески и раководителот на Одделението за Управување со отпад и регионални депонии, Вера Рауник,  беа во  работна посета на Кралството Шведска, во Стокхолм и Јевле, а во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ .Општина Охрид е една од шесте општини во двата региона кои работат на проектот за одржливо управување со отпад финансиран од SIDA (Шведска агенција за меѓународна  развојна соработка) имплементиран од SALAR...

Продолжи со читање

Се подготвува есенска, предновогодишна и пролетна кошничка со основни производи со пониски цени

Post Views: 251 Министерство за економија ги прави последните анализи, пред да и предложи на Владата воведување на така наречена есенска кошничка, со која над 100-тина основни прехрамбени производи ќе имаат пониски цени. Ова денеска го потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден вид на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме...

Продолжи со читање

Граѓаните, кои до 23 август поднеле барања за нови лични документи, истите можат да ги подигнат

Post Views: 394 Отсекот за управни работи при СВР Охрид ги информира граѓаните, кои до 23 август оваа година поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на Одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.  Во Охрид, тоа можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 18 часот додека во другите градови до 16 часот.Отсекот за управни работи при СВР Охрид секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид организира обука за негователи на стари лица

Post Views: 355 Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија,  организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица.„Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен...

Продолжи со читање

Во Охрид во јули издадени 15 одобренија за градење

Post Views: 202 Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2024 година, во Охрид се издадени 15 одобренија за градење. На 8 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 7 објекти инвеститори се деловни субјекти. Предвидена е изградба на 161 стан со вкупна корисна површина од 9 891 м2.Во извештајниот период во општина Вевчани издадени се 5 одобренија за градење од кои 3 на физички лица, а две на деловни субјекти. Во општина Струга во јули биле издадени две одобренија за градба, по една на физичко лице и на деловен субјект. Во извештајниот период...

Продолжи со читање

Пријавете екипа на 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”

Post Views: 356 ЈП “Билјанини Извори” – Охрид по повод ослободувањето на Охрид, а во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, и оваа година организира, втор по ред, 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”.Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи (име, презиме, заверен со печат и потпис од правниот субјект)...

Продолжи со читање

Се работи на извештајот за штетите предизвикани од пожарот во НП Галичица

Post Views: 191 Се работи официјалниот извештај за материјалните штети предизвикани  од пожарите, што во месец август го зафатија  НП Галичица. Според првичните анализи изгореа околу  6500 хектари шумска вегетација, од нив  1800 хектари на македонска страна. Поголемиот дел од нив се тревни површини, пасишта  и смрека, а мал дел од дабовата и буковата шума.Според експертите потребна е поголема државна поддршка и финансиска помош за заштита на биодиверзитетот.„Ако сакаме квалитетна заштита на природата државата мора да ги преземе своите обврски Овој начин на долг рок е...

Продолжи со читање

Билјана Стефаноска нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Post Views: 436 Денеска во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката м-р Јасмина Лескаровска, обврзувајќи се на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност.Досегашната в.д. директорка м-р Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на...

Продолжи со читање