Автор: инфодеск
Views: 69 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека отварат нова линија – зелен телефон и ги повикуваат сите граѓани да ги пријавуваат сите проблеми и недоследности во собирањето на селектираниот отпад. Воедно на истиот телефон можат да ги насочат сите прашања поврзани со воспоставувањето на системот за примарна селекција на отпад во Охрид.– Потсетуваме дека засега селекцијата е започната на улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”, кадешто пред неколку месеци беа поделени жолти и сини канти. За следните населби кои ќе...
Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) номиниран за Греми
Views: 88 Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат под уметничкото име BigSlav, доби престижно меѓународно признание — албумот „Access All Areas“ на поп-R&B триото FLO, на кој тој соработуваше како автор и продуцент, е номиниран за Греми награда.Албумот е номиниран во категоријата „Best Progressive R&B Album“ на 68. издание на Греми наградите, што ќе се одржи на 1 февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес.Џајковски е коавтор и копродуцент на песната „On & On“, која брзо стана фаворит меѓу фановите на FLO. Само неколку месеци по...
Шест златни и три сребрени медали за охридски „Хваранг Фист“ на 5. коло од Таеквондо лигата
Views: 126 Во организација на Македонската Таеквондо Федерација (МТФ) и Таеквондо клубот „Корио“, викендов во Скопје се одржа 5-тото коло од Македонската Таеквондо лига, на кое учествуваа 250 натпреварувачи од клубовите членки на МТФ.Охридскиот „Хваранг Фист“ настапи со 11 натпреварувачи во три старосни категории – пионери, кадети и јуниори.– Од пионерите, Ристе Ѓелески и Ева Милошоска се враќаат со по две победи и златни медали, Љубица Митреска по две поминати кола го освои сребрениот медал, а Теона Целеска со три победи во својата категорија го освои златниот медал и воедно беше...
Светиот великомаченик Мина
Views: 110 По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина. Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги разобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град,...
Денес променливо облачно време со сончеви периоди
Views: 84 Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 9 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Мексиканката Фатима Бош – Триумф среде контроверзии на изборот за Мис Универзум 2025
Views: 117 Мексиканката Фатима Бош беше крунисана за новата Мис Универзум за 2025 година, избор кој годинава го следее низа скандали и контроверзии. Таа во скоро време се соочи со непријатна ситуација и вербални напади од директорот на изборот, кој ја замолчувал и ја нарекол глупава заради организациски несогласувања, на што таа не сакала да премолчи и јавно зборуваше за ова.Инаку, на почетокот на ноември, Фатима беше јавно понижена пред останатите учеснички и пред пошироката публика по караницата со организаторот, кој сметал дека таа недоволно ја претставува земјата домаќин на...
Напад со секира во Охрид и нов случај на насилство во Струга
Views: 134 На 23 ноември 2025 година, во 04:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 34-годишна жена од Охрид, физички, а потоа и со секира, го нападнала нејзиниот 40- годишен невенчан сопруг.На 22 ноември 2025 година, во 14:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, лишен e од слобода 45-годишник од Струга, кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.По целосно документирање на настаните, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЦУК: Надлежни служби интервенираа во Охрид, каналите се расчистуваат, водостоите се во благо опаѓање
Views: 93 Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.Од ЦУК додаваат дека според информациите кои ги добиле од УХМР, денес (23.11.2025) времето ќе биде променливо облачно со повремени...









