Автор: инфодеск
Post Views: 230 Еко акција за чиста Галичица ќе се реализира следната недела во четврток, 12-ти септември во рамки на која ќе бидат опфатени едукативната патека „Галичица на дланка” и „Зелената училница”.Ајде да ја промениме лошата слика во Националниот парк Галичица. Едукативната патека „Галичица на дланка” и „Зелената училница” да ги направиме повторно чисто место каде што ќе се едуцираат нашите деца, порачуваат од НП „Галичица“.Збирното место за сите заинтересирани да се вклучат во акцијата е инфо центарот на НП „Галичица“ (Велестовски пат,бб -Охрид) во 9 часот.
Во август угостителските услуги поскапеле за 5,1 отсто на годишно ниво
Post Views: 257 Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто.Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1 отсто.– Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5 проценти, додека во однос на декември 2023 година е...
Фронт 21/42: Го поздравуваме повлекувањето на предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко блато
Post Views: 192 На денешната седница Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање одлучи да се повлечат Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата, соопштија од Фронт 21/42.„Искрено го поздравуваме ваквиот потег и се надеваме дека МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што...
Сѐ е подготвено за 12-тата Охридска визита на ВИС „Билјана“
Post Views: 274 Се е подготвено за традиционалниот годишен концерт на ВИС Билјана. Традиционалната Охридска визита ќе се одржи утре , за прв пат во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта.По дванаесетти пат публиката ќе ужива во звуците на староградскиот мелос, кој е белег на традицијата и културата. Специјална гостинка ќе биде Вера Милошевска Јосифовска- од групата Љубојна. ВИС Билјана, како четврта трубадурска генерација е чувар на музичката традиција. Приказната за Охридската визита започна како чествување на шеесет години од формирање на...
Започна доделувањето на ваучери за туризам од 18.000 ден за работници со ниски приходи
Post Views: 277 Од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам,објави Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.Решенијата за граѓаните кои аплицирале и ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од по 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица, соопшти министерот Дурмиши.„ Интересот за оваа мерка беше многу голем и од страна...
Во сабота еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга
Post Views: 289 Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“- Скопје во сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје.-Оваа акција има за цел да го зачуваме природното богатство на Охридското Езеро и да ја подигнеме свеста за значењето на заштитата на животната средина. Преку оваа иницијатива, сакаме да придонесеме кон одржување на чистотата и убавината на нашето природно наследство, велат од клубот „Норкач“.Организаторот очекува на акцијата...
МОН ја укина текстилната струка во „Нико Нестор“, запишаните 5 ученици да одберат друга струка
Post Views: 383 За петмина ученици од текстилната паралелка во струшкото „Нико Нестор” вчера не започна учебната година. Иако уредно се запишаа на објавениот конкурс на првиот училишен ден им било кажано дека овој смер со одлука на МОН е укинат. Од училиштето им било понудено да изберат некој друг профил од постоечките, бидејки поради слабиот интерес оваа насока нема да може да се реализира.Учениците разочарани, дел од нив не сакаат да изберат друга струка. Родителите пак, револтирани, велат не знаат што ќе биде со нивните деца. Им се наметнуваат нови смерови кон...
Иницијатива за формирање мрежа за еколошка едукација
Post Views: 224 Црвен крст Охрид, Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје и Јавната установа Национален парк Галичица иницираа формирање мрежа за еколошка едукација во којашто ќе членуваат основни училишта и невладини организации од охридско-преспанскиот регион и од соседните региони.Едукацијата, формална и неформална, а особено едукацијата на младите генерации, е клучна компонента на грижата за природните богатства и на заложбите за одржлив развој. Така, основната цел на формирањето на Мрежата е унапредување на еколошката едукација во охридско-преспанскиот регион со...
Mеѓународeн турнир Град При во стрелаштво во организација на ЖСК „Лихнидос“
Post Views: 357 Женскиот стрелачки клуб ,,Лихнидос” по вторпат оваа година ќе го организира меѓународниот Турнир Град Приx 2024 год. под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка Федерација.„Турнирот ќе се одржи на стрелиштето Бејбунар во Охрид, а целта ни е продолжување на туристичката сезона, промоција и презентација на градот и збогатување со нова содржина, со што би се привлекле повеќе гости како од државата така и од регионов.“ – велат организаторите.Женски стрелачки клуб ,,Лихнидос“ ги поканува своите активни членови,...
Во струшките градинки не работат групите со јасли, родителите излегоа на протест
Post Views: 296 Стружанката Беса Шеи, од почетокот на септември на работа оди со своите деца. Во детсските градинки во струшко, нема персонал , не работат групите со јасли, а повозрасните деца се згрижуваат само до пладне. Беса нема каде да ги остави, па од пладне ги носи со себе во канцеларија. Во слична состојба е и Дрита Бајрами, која е мајка на четири деца, од кои две тримесечни близначиња. Двете деца на возраст од 5 и 3 години од пладне нема кој да и ги згрижи.-,Децата нема кој да ни ги чува дома, на работа сме и јас и сопругот имаме голем проблем. Едното е три...
Ликовен и литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта на тема „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови и бои“
Post Views: 276 Согласно Одлуката за усвојување на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2024 год.на Општина Охрид бр.08-18774/21 од 27.12.2023г, Општина Охрид објавува:ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ВО СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ТЕМА„СИТЕ НИЈАНСИ НА ЕСЕНТА ВО ПОЛИЊА И ГРАДИНИ ПРЕПОЛНИ СО ПЛОДОВИ И БОИ“Предмет и цел на конкурсот:Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на...
Пазарна инспекција од утре ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа
Post Views: 258 Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи.„Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија. Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на...