Skip to main content

Автор: инфодеск

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит

Views: 85 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување.Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско...

Продолжи со читање

Едногодишен помен од блаженото упокоение на Митрополитот Тимотеј

Views: 121 Денес во манастирот Св.Климент и Пантелејмон – Плаошник, се отслужи Света Заупокоена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија г.Георгиј, во молитвено присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополит Преспанско – пелагониски г. Петар, Митрополит Повардарски г. Агатангел.По литургијата Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со Архиереите и свештенството отслужија парастос на гробот на митрополитот Тимотеј....

Продолжи со читање

ЦУК: Во Охрид поплавени подруми и дворови во мал обем, состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите

Views: 123 Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Македонија е стабилна.Од ЦУК информираат дека во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци, Лескоец и Лакочереј

Views: 103Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 300 мм), денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, с.Лескоец и с.Лакочереј. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Преподобна Матрона Цариградска Света Петка

Views: 179 Блажената Матрона (Матрона Димитријевна Никонова) е родена во 1881 година во селото Себино во Тулската губернија. Нејзините родители, Димитриј и Наталија, беа благочестиви селани, чесни и сиромашни. Во семејството беа четири деца: двајца браќа – Иван и Михајло, и две сестри – Марија и Матрона.Матрона беше најмлада. Кога таа се родила мајка и имала намера некако да се ослободи од неа. За убиство на младенецот во утробата мајчина не смеело да дојде до збор. Затоа постоеле мноштво на прифатилишта, каде што незаконито родените и незгрижени деца се воспитувале со средствата на...

Продолжи со читање

Од денес патот низ Националниот парк „Галичица“ затворен за сите видови сообраќај

Views: 134 Од ЈП „Македонија пат“ соопштуваат дека од денеска за возила се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица.Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до 31 март 2026 година.Причините се што патот е на највисокиот планински превој во Македонија, каде има воздушни влијанија непредвидливи ветрови врнежи од снег, ниски температури и е тежок за одржување.

Продолжи со читање

Екипите на општинските претпријатија на терен по обилните врнежи од дожд

Views: 105 Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена.Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно испумпување за да не се предизвикаат штети врз објектите.Покрај справувањето со поплавените површини, екипите на јавните...

Продолжи со читање

Контролна листа на планот за управување со животната средина и социјалните прашања

Views: 76 Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија го спроведува Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ2) (P180350) кој има за цел да го прошири пристапот и да го подобри квалитетот на социјалните и предучилишните услуги за ранливите групи. Проектот опфаќа две главни области за подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги и за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање