Автор: инфодеск
Post Views: 192 70тото Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација се одржа во рамки на Самитот на уметнички фестивали во Гирона, Шпанија. Пред првите луѓе на ЕФА и над 300 делегати и претставници на најдобрите европски фестивали, директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, зборуваше за богатата историја на фестивалот, во градот кој е духовен центар на македонската култура.„Културата, уметноста и традицијата го опишуваат кодот на секој народ и зборуваат за неговото постоење низ вековите, неговата посебност и специфичност. Токму „Охридско лето“ е кодот на...
Се отстранува фонтаната на плоштадот Крушевска република
Post Views: 1.086 Утрово градежна механизација започна со отстранување на фонтаната кај Чинарот.Побаравме информација од Општина Охрид, дали со тоа започнуваат подготовки за реконструкцијата на плоштадот Крушевска република, што беше ветен проект во изборната програма на Градоначалникот Кирил Пецаков. Од Фондот за комунален развој велат дека засега само ќе се отстрани фонтаната.„Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” е капитален проект вреден 47 милиони денари. Плоштадот „Крушевска Република“ според проектот ќе добие нов и модерен изглед, со нова урбана опрема,...
Мател ја произведе првата Барби кукла со Даунов синдром
Post Views: 298 Промовирана прва Барби со Даунов синдром во 64-годишната историја на куклата.Фирмата Мател соработуваше со американски добротворни организации и медицински експерти за да создаде „најразновидна и инклузивна линија за кукли“Новата Барби била создадена преку партнерство помеѓу Мател и Националното друштво за даунов синдром, кое се опишува себеси како “водечка организација за човекови права за сите поединци со Даунов синдром”.Кејла МекКион, портпарол на Националното здружение за Даунов синдром NDSS, беше ангажирана од Мател за да помогне во дизајнот...
Партерно уредување на улички во Куратица
Post Views: 126 Деновиве во Куратица се одвиваат активности за партерно уредување на улички.Предвидено е во првата фаза да бидат поплочени околу 300 метри квадратни.Градежните активности ги изведува ЈП “Градски гробишта” во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште во рурални средини.
Лабораторијата при Центарот за јавно здравје ќе работи и во сабота
Post Views: 178 Центарот за јавно здравје – Охрид ги известува корисниците на нивните услуги како и матичните лекари, дека лабораторијата за микробиологија при Центар за јавно здравје Охрид, од 29 април 2023 година, повторно ќе работи и во сабота.„Нашите ценети пациенти своите потреби од лабораториски-микробиолошки анализи на хуман материјал ќе можат да ги извршуваат секоја сабота во периодот од 8 до 12 часот.“ – информираат од ЦЈЗ.
Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција на библиотекари
Post Views: 160 Во Охрид на 27 и 28 април ќе се одржи Третата Меѓународна конференција на библиотекари „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“ во организација на Библиотекарското здружение на Македонија.Со свои трудови ќе учествуваат на 100 библиотекари од земјава и странство.НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во работниот дел со свои трудови ќе ја претстават м-р Мариче Боздоганова- советник и член на Претседателството на Библиотекарското здружение на Македонија и библиотекарките Христина Трпеска и Елена Станкоска.Директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски...
Енхелеус и младината од Лакочереј ќе го враќаат сјајот на старото училиште
Post Views: 221 На 29 април во сабота, во 11:00 часот, Здружението Енхелеус во координација со младината од Лакочереј организира акција за чистење на старото училиште во Долно Лакочереј.„Старото школо било дел од многу генерации, како симбол за дружење, рекреација,спортски активности, едукативни собири.Сега кога ќе одите се чуствува само неговата осаменост, ја немаа таа радост, таа позитивна енергија, ги нема детските гласови, ја нема бучавата од среќа и радост кога беше школото пред одредено време дом за сите млади жители на Лакочереј.“ – велат од здружението.Енхелеус...
Охрид домаќин на состанок на Мрежата на Монтреалскиот протокол за Европа и Централна Азија
Post Views: 169 Во Охрид се одржува Третиот состанок на Мрежата на Монтреалскиот протокол за земјите од Европа и Централна Азија (ECA). Целта на мрежата е редукција и елиминација на супстанциите контролирани од Протоколот кои го осиромашуваат озонскиот слој.Во рамки на настанот, на Министерството за животна средина и просторно планирање му беше доделена награда за успешно координирање на активностите поврзани со имплементација на Монтреалскиот Протокол.Со состанокот на земјите од Европа и централна Азија, се одбележува 20 годишнината од првиот состанок на Мрежата, која...
Денеска во Охрид сончево со умерена облачност
Post Views: 144 Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде денеска времето во Македонија. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималните температури во интервал од -3 до 8 степени целзјусови. Максималните дневни ќе се движат од 9 во Маврово до 19 степени во Гевгелија.Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. По свежото утро со температура до 2 степени , дневната ќе се искачи до 16 степени.
Експертите ќе му објаснуваат на Мерко што значи да се биде дел од заштитен регион
Post Views: 228 Состојбата во Струга е полоша отколку во Охрид, смета експертот од Бернската конвенција д-р Андреј Совинц. Утре претставниците на Рамсарската , Бернската и Унеско конвенцијата ќе се обидат на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да му го објаснат значењето на конвенциите кои се однесуваат и на Струга како дел од Охридскиот регион.„Може да има развој, може да има туризам но ќе мораме сите да се потрудиме подрачјето да опстане како светска исклучителна природна и културна вредност . Оние кои гледаат напредок само во вид на развој на масовен...
Туристичките работници очекуваат плодна туристичка сезона
Post Views: 148 Четирите продолжени празнични викенди во април навестуваат плодна туристичка сезона. Голем број гости го посетија главниот туристички центар. Покрај домашните, изминатиот продолжен викенд забележително беше присуството на туристи од соседството. Најбројни пролетва се групите од Србија, Албанија, Грција и Бугарија.Хотелиерите очекуваат најголема исполнетост за престојниот Првомајски продолжен викенд.„Очекуваме доста солидна исполнетост, како и секоја година претходно. Хотелските капацитети ќе бидат исполнети сигурно, така што се надеваме на добар прилив на...
Утре без вода жителите на неколку улици во Охрид
Post Views: 142 Поради поправка на уличен шибер со профил ф2″, утре ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.„На ден 27.04.2023 година (Четврток) од 10:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: “Коста Абраш”, „Цар Самоил“, „Самоилова“ , „Петар Чауле“ и дел од „Илинденска”. “- информираат од ЈП Водовод – Охрид.