Skip to main content

Автор: инфодеск

Излевање на реки и поплавени куќи во охридскиот регион

Views: 117Се излеа Коселска река. Десетина куќи во селото Орман под вода, со целосно уништена покуќнина. Поголемиот дел од нивите и пластениците се поплавени. Селото е отсечено поради  надојдената  вода.  Жителите велат не е временска непогода,  се работи за човечки фактор, дивоградби,  но и негрижа нередовно чистење на коритото и каналите.–Ние, верувајте, секоја година апелираме до ЦУК да се води рачун, посебно за оваа критична состојба,  на овај дел од Коселска река, некој несовесно  дали ќе...

Продолжи со читање

Започна поставувањето на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље

Views: 61 Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека интезивно се работи на реализацијата на проектите кои гравитираат долж автопатот Кичево – Охрид.Имено, вчера беше започна со поставување на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље, а планот на јавното претпријатие e до крајот на следниот месец комлетно натпатникот да биде ставен во функција.-За многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и...

Продолжи со читање

Културата расте со децата „За сите деца“: Денес ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“

Views: 63 Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“.– Целосната приказна „Црвенкапа“ е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оргинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти ќе се приреди една оргинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе допре и јасно ќе биде упатена...

Продолжи со читање

Обилнитe дождови предизвикаа покачени водостоји, излевања и поплави во повеќе региони – ЦУК апелира за претпазливост

Views: 85 Од Центарот за информирање со кризи информираат дека поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.Во Охридскиот регион забележани се значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река. Забележан е висок водостој на реката Сатеска и препорачуваат зголемено внимание.-Сите надлежни...

Продолжи со читање

АМСМ

АМСМ: Пренасочен дел од патниот правец Охрид – Св. Наум поради поплавена лента

Views: 88 Од Авто Мото Сојузот на Македонија информираат дека од 03.30ч непрооден е патниот правец Охрид-Св.Наум на делот од стовариште „Митко“, каде десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, и има вода од околу 30см. УПС пренасочува сообраќај по лева коловозна лента. На местото е повикана екипа на Охридската противпожарна територијална екипа (ТППЕ).

Продолжи со читање

Архангел Михаил

Денеска се празнува Св. Архангел Михаил

Views: 86 Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне...

Продолжи со читање

Денес нестабилно време со поројни врнежи, грмежи и силен јужен ветер

Views: 89 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Од УХМР информираат дека до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе...

Продолжи со читање

Утре акција на ЈП „Охридски Комуналец“ за подигнување пластика и хартија

Views: 70 Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните дека утре, петок, 21 ноември 2025 година, ќе се врши редовно подигнување на селектиран отпад согласно Календарот за 2025 година, а собирањето ќе опфати отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови).Акцијата се однесува на корисниците на услугите што живеат на следните улици: „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.-Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад зошто од секој поединец зависи нашата...

Продолжи со читање