Автор: инфодеск
Post Views: 168 Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд и максимална дневна температура до 15 степени. Ќе дува засилен западен ветер.Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски
Охрид преполн со туристи за Велигденските празници
Post Views: 249 Охрид преполн со туристи за Велигденските празници. Огромен број странски и домашни туристи деновиве ги минуваат на брегот на Охридското Езеро. Голем дел од гостите пристигнаа од вчера на Први мај, а остануваат до недела или понеделник.Хотелските капацитети и приватното сместување бележат голема исполнетост.Најголем дел од гостите се од земјава, но и од соседните земји. Забележително е присуството на групи од Србија, Словенија, Турција, Полска.„Како што гледам од поранешна Југославија се најповеќето,...
Две мајки се истепале на ул. „Ванчо Питошески” поради кавга меѓу нивните деца
Post Views: 242 На 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески” во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36 и 35 годишни, двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.фото: илустрација
Црногорец приведен во угостителски објект во Охрид
Post Views: 184 Денеска (02.05.2024) во 02.45 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 годишно лице од Република Црна Гора затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец заработи кривична, ограбувал постари жени на улица
Post Views: 211 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво” и „тешка кражба на дрзок начин”.-Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски” во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска” на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...
Започна исплатата на МојДДВ
Post Views: 735 Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните. Се работи за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024.Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по...
Од 10-ти мај Охридски комуналец започнува со акциите за подигнување кабаст и зелен отпад
Post Views: 282 ЈП „Охридски комуналец“ го објави календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.Акциите за подигнување кабаст и зелен отпад започнуваат од 10.05.2024 год. Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад.– На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни...
Велики Четврток: црвено јајце – симбол на Христовото Воскресение
Post Views: 246 Со денешниот Велики четврток почнуваат велигденските празници.Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. Нарекуван е уште – чистиот четврток. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени бидејќи бојата ја симболизира Христовата крв.Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Првото јајце било наменето на Господ и се...
Променливо облачно со услови за дожд
Post Views: 166 Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.
Носителот на листа во 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски на средби со охриѓани
Post Views: 215 Носителот на 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски денес на средби со охриѓани. Тој вети подобар животен стандард за работниците измени во законот за социјална заштита и воведување на минимална пензија во износ од 25 000 денари. Голем број социјални мерки меѓу кои надоместок од 18 000 ден за секое полнолетно работонеспособно лице.Од коалицијата Храбро за Македонија ветуваат и поддршка за лицата со физичка и ментална попреченост преку згрижување, образование и вработување„Работниците станаа и сакаат да им се...
Партијата Родина во Охрид ги промовираше програмските цели со кои настапува на парламентарните избори
Post Views: 225 Политичката партија Родина Македонија денеска во Охрид ги промовираше програмските цели со кои настапува на парламентарните избори. Нашето мото е „да ја вратиме Македонија на македонците“ затоа што сакаме државата да ја вратиме на вистинскиот пат, кажа носителот на листа во 5ИЕ, Маријан Гацевски.„Неможејќи веќе да издржиме гледајќи наназад 33 години како политичките фели со само менување на бојата но не и на нивната суштина и срж, во изминатите години не променија ништо освен наше обезличување на македонците, понижување и погазување до степен на наше целосно...
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
Post Views: 272 Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.-За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени огништа за правење скара, тоа да се прави внимателно и пред заминување од местото, обврзно да се изгасне жарта од огнот, велат...

