Skip to main content

Автор: инфодеск

Свр охрид

Кривична пријава за 57-годишен охриѓанец поради ширење расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи

Views: 53 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишно лице oд Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.Од МВР информираат дека пријавениот на 23 октомври 2025 година, на социјална мрежа, постирал објава со фотографии со која ширел говор на омраза.

Продолжи со читање

Граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при подигнување на пратките од Тему или Али Експрес

Views: 77 Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странствo. Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.-И по измените, ДДВ и понатаму останува пресметан во цената на производот. Граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци, ниту каква било нова обврска при приемот на пратките, информираат од...

Продолжи со читање

Приведени десетина вработени во УЈП поврзани со предметот за кочанската дискотека „Пулс“

Views: 83 Обвинителот Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција информираше дека приведени се десетина вработени во Управата за јавни приходи, а во моментот се вршат претреси на локации поврзани со овие лица.-Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица кои беа вработени во УЈП, а поврзани на некој начин со кочанскиот предмет. Во текот на минатиот ден и денеска се преземаат дејствија. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на одредени локации кај лицата опфатени со кривичната пријава, рече обвинителот Коцевски.Според...

Продолжи со читање

32 години од уривањето на авионот на „Авиоимпекс“ во близина на Охрид

Views: 141 Летот 110 Авиоимпекс бил редовен меѓународен патнички лет, управуван од Авиоимпекс, кој се урна на 20 ноември 1993 година, додека летал од Женева кон Скопје. Пред катастрофата, летот 110 бил пренасочен од меѓународниот аеродром во Скопје до аеродромот во Охрид поради снежна бура во Скопје. Авионот, Јаковлев Јак-42, превезувал 108 патници и осум членови на екипажот, и се срушил на околу 7 километри (3,3 милји) источно од аеродромот во Охрид. Како резултат на несреќата загинаа сите 116 лица кои се наоѓаа во авионот. Еден патник по несреќата живеел единаесет дена, но им подлегнал...

Продолжи со читање

Трамп дозволи објавување на документите за Епстајн

Views: 120 Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот за објавување на судските  акти во случајот на починатиот сексуален престапник Џефри Епстајн, кој беше обвинет за трговија со малолетни девојки и сексуална злоупотреба.Сенатот на САД едногласно го одобри законот еден ден претходно, откако Претставничкиот дом гласаше „за“ со 427 „за“ и 1 „против“, но  потписот на Трамп беше потребен за законот да стапи на сила.  Претседателот се спротивставуваше на објавувањето  со месеци пред да го промени својот став во текот на викендот по  растечкиот притисок во рамките на неговата...

Продолжи со читање

Во сабота Архиерејска Литургија по повод една година од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј

Views: 74 Од Плаошкиот манастир известуваат дека сабота, 22 ноември, ќе се служи Архиерејска Литургија по повод една година од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј.Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј почина на 25 ноември минатата година, на 73-годишна возраст.Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот...

Продолжи со читање

Светиот Маченик Валериј

Views: 72 Светиот маченик Валериј пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година. Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните. Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се поклонат на идолите, тогаш тие пратија двајца лукави и предадени на идолопоклонството војници, да ги истребат сите христијани таму. Пратените војници точно ја исполнија волјата на императорот и ги казнија сите христијани што...

Продолжи со читање

Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Views: 63 Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец.Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег....

Продолжи со читање