Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид ќе биде домаќин на работилница за син и циркуларен туризам

Views: 81 Општина Охрид, во рамки на Проектот “RECIRCLE MED”, кој го имплементира во рамки на Европската програма INTERREG EURO MED, организира Работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан на 3 и 4 декември 2025 година.Охрид е реномирана туристичка дестинација со значително искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Како една од дестинациите што ќе развива и спроведува прилагодени Сини Акциони Планови за циркуларен туризам (circular tourism), Општина Охрид ја повикува локалната и пошироката...

Продолжи со читање

Успешно реализирана обуката за менторство за жени претприемачи  

Views: 80 Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени.  Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи. Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со дополнителен професионален развој.Преку стручни менторски сесии, учесничките ги унапредија своите деловни вештини во сферата...

Продолжи со читање

Денеска во охридската градска библиотека беше промовиран романот „Самовилата со скршени крилја“ од Лили Бошевска

Views: 140 Романот „Самовилата со скршени крилја“ од Лили Бошевска денеска беше промовиран со литературно уметнички настан во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.Познатата македонска писателка Бошевска во книгата ги отвора вратите на магичниот свет на самовилите и ни покажува дека добрината, љубовта и вербата во себе секогаш можат да најдат пат до победата.„ Се зборува пред се за отфрлањето на оние деца кои се уметнички талентирани, кои имаат предиспозиции за уметност, било да е тоа ликовна, музичка, а од некоја страна родителите им велат „биди лекар, биди инжинер“ нешто...

Продолжи со читање

Жителите на Љубојно 100 дена протестираат за заштита на шумата

Views: 72 До нашиот медиум пристигна писмо од жителите на Љуојно, кои веќе 100 дена протестираат за заштита на шумата. Нивната реакција ја пренесуваме во целост:Љубојно, Преспа Во среда (19.11.2025) ќе се навршат точно 100 дена отпор. 100 дена откако секое утро, без исклучок, одиме на патот кон шумата за да го заштитиме она што не штити нас.Навидум сме десетици луѓе од едно мало преспанско село, а всушност, не сме малку, туку нè има многу и насекаде. Сите сме обединети со иста цел и истата заложба. И стоиме секој ден. Исто место. Исто време. Иста цел....

Продолжи со читање

Во петок за најмладите ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“

Views: 95 Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, овој петок ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“.– Целосната приказна „Црвенкапа“ е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оргинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти ќе се приреди една оргинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе допре и јасно ќе биде упатена...

Продолжи со читање

„Охридско лето“ и А1 Македонија – синергија помеѓу корпоративната одговорност и културната традиција

Views: 114 Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“  на 29 ноември во Македонската филхармонија  преку концертот на  Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Оваа национална установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден  пост-фестивалски концерт на 20 декември  во Центарот за култура во Охрид  со меѓународно етаблираните уметници, тенорот Рамирез Дроз  Реиналдо  Елаис и...

Продолжи со читање

Херојска мисија на стружанецот Ердал Лушо преку Атлантикот

Views: 185 Стружанецот Ердал Лушо, кој 16 месеци ја градел својата едрилица „Пиксел“, веќе трет ден самостојно ја преминува Атлантската Океанска ширина, упатен кон Карибите. Тој се натпреварува со уште седум учесници од различни земји, кои се единствените што од вкупно 18 кандидати успеале да се пласираат во ова екстремно натпреварување. Инаку, во моментов Ердал ја предводи групата едрилици.Трката трае 40 дена, а натпреварувачите се потпираат исклучиво на ветерот и точната навигација. Според правилата, секој учесник морал сам да ја изработи својата едрилица, без поддршка од индустриски...

Продолжи со читање

Кривични пријави за градоначалник, архитект и инвеститор за оштетување на спомен куќата на Владо Малески во Струга

Views: 79 Кривични пријави заработија инвеститорот и четири лица од Струга кои со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен куќата на Владо Малески во Струга.– ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против 62-годшно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против други...

Продолжи со читање