Skip to main content

Автор: инфодеск

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат од полноќ

Post Views: 207 Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

Продолжи со читање

Предвелигденска „Импровокација“

Post Views: 403 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

Продолжи со читање

Охрид СОС: Од авион се гледат!

Post Views: 265 Фотографии направени од авион покажуваат од колкави размери е загадувањето на Охридското езеро на потегот каде се влева реката Сатеска. Фотографиите на Фејсбук ги објави граѓанската платформа Охрид СОС.„Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот тек во езерото. Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во езерото. Институциите, по навика, не...

Продолжи со читање

Предвремена исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за април во пресрет на Велигденските празници

Post Views: 274  На 02 МАЈ 2024 ќе   започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Април 2024 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 02 Мај 2024 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во сите отворени филијали и експозитури на банките,...

Продолжи со читање

Страдална или Страстна седмица

Post Views: 228 Последната седмица пред Велигден е Страдална или Страстна седмица. Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава, неговите страдања, смртта и погребението.Сите денови од Страдалната седмица се нарекуваат „Велики“, заради величието на настаните што се празнуваат во тие дни. Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби. Во првите три дена (Велики понеделник, Велики вторник и Велика среда) низ богослуженијата, верниците се подготвуваат за сеќавањата на Христовите страдања. Трите дена се посветени на...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

Post Views: 173 На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од  31 годишно лице од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса” со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45 годишна жена од Ресен.-Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за јавни и културни манифестации

Post Views: 196 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за прибирање на пријави за издавање на времено користење на површини за јавни и културни манифестации.Локацијата за комерцијално користење која е предмет на овој оглас е Плато помеѓу ТЦ Амам и Летница.Пријава на унифициран образец;...

Продолжи со читање

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници, предвесници на Велигден

Post Views: 220 Православните христијани денес го празнуваат споменот на чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, извршено од Богочовекот Исус Христос.Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци...

Продолжи со читање

Привршува реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември

Post Views: 289 Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември.Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување и се формира нови тротоарски површини и простор за запирање на возилата.

Продолжи со читање

Учениците од ОМУ „Методи Патче“ Охрид освоија бројни награди на Државниот натпревар

Post Views: 208 Учениците од ООМУ „Методи Патче“ Охрид освоија бројни награди на  Државниот натпревар кој се одржа во Битола на 25-ти и 26-ти април 2024 година, во организација на Здружението на музички и балетски педагози.Охридските флејтистки од класата на проф. м-р Нина Момировска ги освоија највисоките, една Прва специјална награда и 5 Први награди.Бојана Размоска – Прва специјална наградаАна Јованоска – Прво местоТијана Шутароска – Прва наградаЕлена Андрееска – Прва наградаМиа Стојкоска – Прва наградаМихаела...

Продолжи со читање

Македонско знаме

МТСП: Неработни денови се 1-ви мај, 3-мај Велики Петок и 6-ти мај втор ден Велигден

Post Views: 458 Од Министерството за труд и социјална политика, информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, 1. мај 2024 година, Денот на трудот е неработен за сите граѓани на Република Македонија.Петок, 3-ти мај 2024 година, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија и понеделник, 6-ти мај 2024 година, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, исто така е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството...

Продолжи со читање

Средба на градоначалникот Пецаков со јапонскиот амбасадор

Post Views: 130 Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO – E Јапонски лебдечки свет“ на големите јапонски мајстори за дрворези од 17 и 18 век. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, а ќе биде поставена во куќата на Робевци.Градоначалникот Пецаков се заблагодари за исклучително добрата соработка со Јапонската амбасада и изрази надеж дека и во иднина локалната самоуправа ќе биде во можност да учествува во заеднички проекти со амбасадата.

Продолжи со читање