Автор: инфодеск
Post Views: 100 Физичките лица кои вршат угостителски услуги од мал обем за сместување во куќи, апартмани, соби и станови за одмор, а се регистрирани во регистарот што го води Градоначалникот на Општина Охрид, согласно Законот за угостителска дејност, се должни да го продолжуваат Решението за категоризација на секои три години, во рамки на неговата важност.За таа цел, приватните станоиздавачи потребно е да поднесат Барање за продолжување на решението за категоризација во просториите на Одделението за туризам – Сектор ТЛЕР при Општина Охрид.Доколку не се почитува...
Денес е Преподобен Антониј Велики
Post Views: 93 Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со...
Денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 84 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив превец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на...
Превентивни активности на СВР Охрид за безбеден сообраќај
Post Views: 99 Во текот на вчерашниот ден (28.01.2026) Отсекот за превенција при СВР Охрид почна со спроведување на превентивна кампања за безбеден сообраќај, насочена кон мотоциклистите, велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети.-Притоа, низ директна комуникација и делење на едукативни летоци, на граѓаните им беше посочена потребата од почитување на сообраќајните прописи со цел безбедно учество во сообраќајот, особено околу законските обврски за задолжително носење заштитна кацига, задолжително користење на велосипедската патека, како и почитување на...
Најавен One Stop систем и со Албанија пред почетокот на летната сезона
Post Views: 106 Заедничкиот граничен систем „One Stop“ меѓу Северна Македонија и Албанија повторно се враќа на агендата, овојпат со јасна најава дека треба да почне да се применува пред стартот на летната сезона. Темата била отворена на средба во Скопје меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и албанската министерка Албана Кочиу, по која двете страни најавиле дека оперативните тимови ќе ја интензивираат работата за системот конечно да профункционира во пракса.Тошковски изјави дека целта е моделот „едно застанување – една контрола“ да го скрати чекањето и да го...
Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци
Post Views: 106 Европската Унија ги прифаќа возачите на камиони како професионалци со што се решава проблемот на превозниците, објави министерот за транспорт Александар Николоски на Фејсбук .–Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, напиша Николоски во објава на Фејсбук и сподели делови од нацрт Стратегијата за визи која унијата ја објави денеска.Стратегијата...
Во Струга запленети тутунски производи без акцизни марки вредни над 1,8 милиони денари
Post Views: 146 Од Царинската управа информираат дека поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета при извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга.-При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички. Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е...
ССМ и работниците на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
Post Views: 104 Со транспарентот „Протестираме за плата“, а под мотото „Без договор на маса – протест на улица“, работниците вечерва ги исполнија улиците на Скопје, испраќајќи силна порака за незадоволството од ниските примања и сѐ повисоките трошоци за живот. Протестот беше организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), со цел јавно да се изрази поддршка за барањата на работниците.Собирот започна пред Работничкиот дом – симболот на работничката борба – каде синдикалните претставници повторно ги потенцираа клучните барања: минимална плата од 600 евра и...
Протестите на транспортните компании продолжуваат: денес чекаат одлука од Европската комисија
Post Views: 105 Здруженијата на транспортни компании од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, кои организираа заеднички протест, и натаму ги блокираат граничните терминали за товарен транспорт кон земјите на Европската Унија. Сепак, денеска очекуваат решение од Европската комисија за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната, кој е лимитиран на 90 дена во период од шест месеци.Европската комисија во октомври 2025 година го воведе електронскиот систем за евиденција на влез и излез (Exit Entry System – EES), со кој строго се...
Поради дефект прекин во водоснабдувањето на „Стив Наумов“, „Јабланица“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Бул.Туристичка“
Post Views: 106 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Јабланица“,„Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Бул.Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд
Post Views: 98 Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец.Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 9 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Поклонение на чесните вериги на апостол Петар
Post Views: 115 Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на...