Skip to main content

Автор: инфодеск

Гори облакодерот на познатиот „Вјесник“, симболот на Загреб

Views: 99 Голем пожар целосно ја уништи зградата на „Вјесник“ во Загреб, еден од симболите на новинарството во поранешна Југославија. Пожарот избувнал синоќа половина час пред полноќ и се проценува дека гаснењето ќе трае и денеска цел ден.Командантот на Јавната противпожарна бригада на Загреб, Синиша Јембрих, изјави дека пожарот се шири непредвидливо, што ја отежнува интервенцијата: „Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, внатре има простории полни со опрема и документи. Гаснењето ќе потрае, но се надеваме дека во текот на денот ќе го ставиме пожарот под...

Продолжи со читање

Стенд ап вечер со Сашко Коцев во Центарот за култура „Григор Прличев“

Views: 112 Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид на 29.11 2025 г. (сабота), гостува актерот Сашко Коцев со стенд ап шоуто „Широк Дијафазон“.Шоуто почнува во 20.00 часот. Карти по цена од 400 денари, можат да се купат на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведбата.

Продолжи со читање

Денес претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 122 Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се...

Продолжи со читање

Преподобните маченици Галактион и Епистима

Views: 139 Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабошци. Мајка му на Галактион беше бездетна сè додека не се крсти. Потоа, таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима. Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир. И секој од овие...

Продолжи со читање

„Одговорно учество во сообраќајот“, превентивни активности на СВР Охрид

Views: 121Вчера од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, беше реализирана превентивно-едукативна кампања „Одговорно учество во сообраќајот“. Целта на кампањата е подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај возачите на моторни и други возила, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при управувањето со возилата што ќе придонесе за повисока безбедност во сообраќајот и избегнување на сообраќајни незгоди.Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе сообраќајници во...

Продолжи со читање

Со настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира!“ означен почетокот на иницијативата за селекција на отпад во хотелско угостителскиот сектор во Охрид

Views: 164 Чисто е убаво ! Селектирај! Ова е пораката која охридските основци ја упатуваат до граѓаните и туристите. Викендов на градскиот плоштад тие преку игра, забава и едукативни активности им покажаа на сите присутни зошто е важно да се селектира отпадот и да се чува животната средина.Со настанот во организација на ЈП „Охридски Комуналец“, со поддршка на Општина Охрид и партнерите SALAR International и Збогум Буково беше означен почетокот на новата иницијатива за селекција на отпад во хотелско угостителскиот сектор во Охрид.– Целта на настанот е да кажеме она што...

Продолжи со читање

Македонски успех на „Златен гонг“: Охриѓанецот Наум Стојаноски со сребро, битолчанецот Рустемовски со злато

Views: 106 Изминатиот викенд во Скопје по 54 пат беше одржана традиционалната боксерска манифестација „Златен гонг“. На овој престижен меѓународен боксерски турнир учество зедоа натпреварувачите од неколку боксерски земји: Англија, Молдавија, Австрија, Бугарија, Турција, Хрватска и други.Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски” учество зеде преку својот претставник во 70 килограми Наум Стојаноски како дел од Македонската репрезентација, и го освои сребрениот медал и пехарот за најборбен боксер. Освојувач на овогодинешниот Златен гонг беше македонскиот боксер Ален Рустемовски од Битола,...

Продолжи со читање

Владата ќе доделува ваучери од 15.300 денари за студентите за набавка на електронски уреди

Views: 187 Државата денес го активираше новиот повик преку кој 55000 студенти ќе можат да добијат вредносни ваучери за купување електронски уреди. Пријавувањето се одвива исклучиво онлајн, преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, каде што услугата е веќе достапна.Право на аплицирање имаат сите студенти на прв циклус студии кои се државјани на Република Македонија, запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата и кои не се постари од 29 години на денот на објавување на повикот.Рокот за...

Продолжи со читање