Skip to main content

Автор: инфодеск

И охридските гимназијалци се закитија со награди на натпреварот на 47. Школа „Млади физичари“

Views: 126 И охридските гимназијалци, се закитија со бројни награди на натпреварoт во експерименти, демонстрации, модели и симулации во склоп на 47. Школа „Млади физичари“ кој во четвртокот се одржа во Скопје.Како што информираат од охридската Гимназија, нивните ученици ги освоија следните награди:Категорија ученици од IV годинаПрва наградаДарио Павлески под менторство на проф. Јасмина ЈаневаЕксперимент ,,Од магнет до сигнал: изработка на сеизмометар“Категорија ученици од III годинаIII наградаДарија Талевска и Ивана Гашоска под менторство на проф. Марија СиљаноскаЕксперимент...

Продолжи со читање

Смеа на секои 5 секунди: Новото шоу на „Солза и смеа“ утре во Охрид

Views: 176 Охриѓани утре ќе имаат ретка можност да уживаат во едно од најочекуваните комични шоу-претстави годинава. Популарните тв ликови од „Солза и смеа“, кои веќе со години ја забавуваат македонската публика, оваа есен ја започнаа својата голема турнеја низ повеќе од 10 градови во земјава, каде, како што викаат, ќе ги наполнат салите до последото место.Новото шоу премиерно ќе биде изведено во Охрид, вторник, 18.11.2025 година, во 20 часот во НУЦК Григор Прличев, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен повик за поднесување барање за субвенционирање на дел од туристичката такса

Views: 81 Врз основа на Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој за 2025 година, од Г2 програмата за потикнување на развојот на туризмот, предвидено e субвенционирање на дел од уплатената туристичка такса, која ја уплаќаат физичките лица кои вршат угостителска дејност во општина Охрид. Согласно истата и донесениот Правилник за субвенционирање- (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност бр.09-14929/1 од 05.11.2025,општина Охрид објавува: JАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА ДЕЛ ОД УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА...

Продолжи со читање

Млад научник во подем: прво место на школата ,,Млади физичари” за Наум Смилевски од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски”

Views: 97 Од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски” информираат дека нивниот ученик Наум Смилевски од II-4 на 13.11.2025 г. учествуваше на 47. школа ,,Млади физичари” во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија и го освои првото место.Смилевски се претстави со модел со кој го објасни процесот за безжичен пренос на електрична енергија преку елктромагнетна индукција и електромагнетно поле.

Продолжи со читање

Преподобен Јоаникиј Велики

Views: 68 Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа, го зедоа во војска каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба, Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски каде што се замонаши и сиот се предаде на подвиг, од којшто не отстапи до длабока старост, до својата смрт. Се подвизуваше...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Views: 120 Наутро по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Во Охрид денес минималните температури од 6, а максималните до 18 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 60 km/h).

Продолжи со читање

Утре премиерно ќе биде изведена претставата „Хелверовата ноќ“

Views: 104 Утре со почеток во 20:00 часот на малата сцена на НУЦК „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата „Хелверовата ноќ, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид. Претставата е во режија на Александар Јовановски, според оригиналниот/истоимениот текст на Ингмар Вилквист, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ.Базирана на истоимената драмата на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч) напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок...

Продолжи со читање

Младите поети, рецитатори и оратори од охридската гимназија со високи признанија

Views: 153 Од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид информираат дека нивните талентираните гимназијалци под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски освоија една втора награда и две пофалници на 58. Детски Рацинови средби.Иво Георгиески (III-7) доби втора награда на меѓународниот поетски конкурс ,,Кога денот од стих се раѓа” во конкуренција на 1172 поетски творби:,,Зашто денот што од стих се раѓае како песна: жива,силна, моја, твоја… Рацинова, наша!”Јована Крстаноска (II-6) доби пофалница за учество на рецитаторскиот натпревар, влез во финале и трет круг меѓу 12...

Продолжи со читање