Skip to main content

Автор: инфодеск

Продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“

Post Views: 350 Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2023 година и на Антологијата „Од поети за...

Продолжи со читање

Поставено јавно осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”

Post Views: 214 Поставено е јавно осветлување во должина на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”.Поставен е електричен проводник/кабел, во должина од околу 900 метри и 18 сијалични места/вандерми.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината Дебрца за 2024 година, а Црковниот одбор од село Ботун ги обезбеди столбовите/бандерите.

Продолжи со читање

Во четврток ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 224  Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски ја свика 44 седница на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи на 29.08.2024 во зградата на општина Охрид. со почеток во 09:00 часот.За седницата е предложен следниот днецен ред:Усвојување на Записникот од 43-та седницаПредлог-одлука за престанок на мандат на членови во Советот на општина Охрид.Предлог-одлука за верификација на мандат на членови во Советот на општина Охрид.   Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и...

Продолжи со читање

Свечено се отворија „Струшките вечери на поезијата“, „Т’га за југ“ за првпат прочитана од Брајово писмо

Post Views: 270 Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“.Манифестацијата се отвори во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, владини претставници и љубители на пишаниот збор.Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат титуларната...

Продолжи со читање

Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ„Охридско лето“

Post Views: 268 Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков.Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма.Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј-60 години од постоењето во време на пандемијата со...

Продолжи со читање

Денес ќе бидат доделени дипломите на матурантите од генерација 2023/2024 од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”

Post Views: 346 Денеска, 23 август (петок) со почеток од 19:30 ч., ќе се одржи свеченото доделување дипломи на матурантите од генерација 2023/2024 од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”, во училишниот двор. На настанот ќе се обрати и заменик-градоначалничката на општина Охрид, Ана Крстеска, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на манифестацијата.

Продолжи со читање

Претседателот на Советот на Општина Охрид ги прими учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  

Post Views: 191 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски птретпладнево во просториите на локалната самоуправа ги прими учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  што започна денес под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа. Учесниците кои се млади поети од  Македонија, Бугарија, Грција,  Албанија, Турција утрово беа во просториите на ООУ „Ванчо Николески“по што беше положено цвеќе на вечното почивалиште на Николески во Охрид.Кампот од Охрид и родното место на Николески, Црвена Вода ќе се пресели...

Продолжи со читање

Трипуновски: Прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга

Post Views: 292 Шумската и Граничната полиција на терен – прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга, објави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга бил контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.-За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземено од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга,...

Продолжи со читање

Црвен Крст Охрид организира Escape room

Post Views: 222 Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира интересна активност каде младите можат да ја покажат својата тимска работа, решат загатки и избегаат од таканаречениот ESCAPE ROOM.Тема на настанот е „Шетајќи по запуштениот град, наоѓате ранец во кој би можеле да ги најдете потребните залихи за живот. Се обидувате да го земете, но набргу опасноста повторно се приближува.“Настанот ќе се одржи во деновите среда, четврток и петок (28, 29 и 30 август) од 17:00 до 03:00 часот на паркингот во Касарната. Цената по учесник е 200 денари, а собраните средства ќе...

Продолжи со читање

Во Охрид одржан 6. Балкански поетски камп „Ванчо Николески”

Post Views: 222 Расте интересот за изучување македонски јазик во Грција. Иако грчката држава сè уште официјално не дозволува школи на македонски јазик, заврши судскиот процес, и не се укина првиот Центар за македонски јазик во Лерин.Македонците не потклекнуваат на притисоците, тие сакаат да го негуваат македонскиот јазик, култура и традиција, порачаа присутните на Шестиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески” во Охрид.„Тоа е електронска школа, интернет платформа за да може било кој што сака да учи македонски јазик. Некои што се свесни Македонци, свесни...

Продолжи со читање

СВР Билтен: нарушен јавниот ред и мир во с. Ботун и на ул.„Даме Груев“ во Охрид

Post Views: 209 На 21.08.2024 во 14.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Ботун, општина Дебрца, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од 49 годишен ресенчанец врз 65 годишно лице од с.Ботун. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 21.08.2024 во 16.47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 4 лица, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Продолжи со читање

Денес започнува Охридски хорски фестивал

Post Views: 190 Од 22 до 26 август, во хотелот Инекс Олгица ќе се одржи Охридскиот Хорски Фестивал.Ќе настапуваат хорови од Унгарија, Полска, Чешка, Хрватска, Латвија, Естонија, Турција, Босна и Херцеговина но и Македонија.Целосната програма може да ја погледнете на официјалната страна на Охридскиот Хорски Фестивал.

Продолжи со читање