Автор: инфодеск
Post Views: 338 ФЕР ПЛЕЈ КУП започнува денеска и по 13ти пат се одржува на СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид.Ова година учествуваат близу 120 екипи во 6 возрасни категории од целиот Балкан.-Ние како организатори се радуваме на вашето учество и ви посакуваме пријатно добредојде во балканскиот Ерусалим, да уживате низ натпреварите како и во убавината на Охрид. На родителите и публиката, да се радуваме на сите натпревари за уживање и другарување на децата , сите учесници да ги наградуваме со аплауз да бидеме коректни и да го разубавиме настанот. Резултатите кај децата...
Прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Post Views: 314 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:00 до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“ , „Билјанини Извори“ и „Никола Карев, информираат од ЈП Водовод – Охрид.
Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 182 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 15 до 30 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.Утре и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи, информираат од УХМР.
Известување од управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање
Post Views: 206 Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следнотоИЗВЕСТУВАЊЕ Се известува...
Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ го затвори 64. Охридско лето
Post Views: 251 Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата...
Во јуни просечната месечна исплатена нето-плата 41.939 денари
Post Views: 275 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по...
Изградба на седум фекални секундарни краци во село Мешеишта
Post Views: 279 Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти, информира градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот...
Гостин нападнал вработен во сместувачки објект
Post Views: 218 На 20.08.2024 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 21.30 часот во сместувачки објект во Охрид, едно лице гостин физички нападнало еден од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во најновиот Билтен од СВР Охрид.
Од 101 контрола, дури 51 деловен субјект работи со неправилности
Post Views: 209 УЈП ова лето со засилени инспекциски контроли во туристичките центри. Се чешлаат трговците, дуќанџиите, угостителите и занаетчиите во Охрид и Струга. Инспекторите контрола извршиле во вкупно 101 деловен субјект, а дури кај половината, односно кај 51 од нив се утврдени неправилности. Најчесто за неиздавање фискални сметки и неисправни фискални апарати. Еден дуќан покрај изречената глоба, доби и забрана за работа.Неправилностите се однесуваат за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, не закупена и не...
Денес времето сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 227 Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Температурите ќе се движат во интервал од 13 до 28 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.Од утре ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Училиштата се подготвуваат за едносменска настава, учебници ќе има
Post Views: 361 Учениците оваа учебна година ќе имаат учебници.Во Охрид во едно училиште веќе има едносменска настава, а во земјава 124 основни и средни училишта се подготвени за воведување на истата.Во меѓувреме се прават сериозни анализи за уште 50тина во догледно време со доградба на училници да може да почнат со едносменска настава. Развојно во следните неколку години ќе се прилагодуваат сите училишта за настава во една смена.Министерката за образование вели учениците оваа учебна година ќе имаат учебници, а преку јавна расправа ќе се ревидира наставната...
Црвен крст Охрид организира напредна обука за укажување на прва помош
Post Views: 338 Црвен крст Охрид објавува повик за пројавување на интерес за учество на напредна обука за укажување на прва помош која ќе се спроведе во соработка со инструктор од Црвен крст Зеволде од Холандија.Обуката ќе се реализира во Црвен крст Охрид во месец септември 2024 година и ќе трае 12 дена, а кандидатите треба да имаат претходно познавање на основи на првата помош и напредно ниво на познавање на англиски јазик.Повеќе информации сите заинтересирани може да добијат на телефоните 046 262 706 и 070 315 309, а пријавите може да ги испратат на следниот email:...