Автор: инфодеск
Post Views: 520 Сивата екомонија е присутна во сите земји, па така и во Македонија. Таа не може да исчезне, но може да се намали. Во нашата земја, една од областите во кои има најголем процент на сива економија е туристичко угостителската индустрија.Сивата економија во туризмот создава бројни проблеми, вклучувајќи непријавена работа, избегнување на даноци, нефер конкурентски услови и проблеми со квалитетот на услугите. Овие проблеми имаат широки економски, социјални и регулаторни последици кои ја нарушуваат стабилноста и квалитетот на туристичкиот сектор. За да се решат овие...
Црвен Крст Охрид: Засега нема потреба од донации на храна и пијалоци за лицата на Галичица
Post Views: 230 Црвен крст Охрид ја известува јавноста дека од екипите на Галичица добиле информација дека ЗАСЕГА ВЕЌЕ НЕМА ПОТРЕБА од донации на храна и на пијалаци за лицата коишто го гаснат пожарот на Галичица.Црвен крст Охрид уште еднаш упатува огромна благодарност до сите граѓани, организации и институции коишто ја изразија својата солидарност донирајќи продукти.Донациите кои беа собрани синоќа и изутринава веќе се доставени до екипите на терен на Галичица и засега нема потреба од дополнителни количини, објавија на социјалните мреѓи дирекно инволвирани во акцијата.
Пијанистката Софија Вајан ќе настапи на француската вечер на „Охридско лето“
Post Views: 261 До крајот на годинешното 64 издание на фестивалот „Охридско лето“ остануваат уште три концерти на класична музика и две театарски претстави. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапи француската пијанистка Софија Вајан.Нејзиниот концерт ќе биде во рамки на традиционалната француска вечер на фестивалот што се одржува со поддршка на Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот Институт од Скопје.Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер...
Наредниот викенд ќе се одржи Ohrid Jazz Festival
Post Views: 271 Наредниот викенд, петок 23.08.2024 и сабота 24.05.2024 ќе се одржи Ohrid Jazz Festival.Во петок ќе настапат Драган и Ратко Даутовски, саботата е резервирана за Наташа Миха Трио.Двете фестивалски вечери во организација на општина Охрид ќе се одржат во предворјето на Св. Софија со почеток во 20:30 часот.
Продолжува донирање храна и пијалаци наменети за лицата коишто со денови се борат со огнената стихија на Галичица
Post Views: 201 Граѓани и од организации се одзваа на повикот за донирање храна и пијалаци наменети за лицата коишто со денови неуморно се борат со огнената стихија на Галичица. Донации започнаа да пристигнуваат во Црвен крст Охрид веднаш по објавениот апел синоќа.Донациите примени до овој момент веќе се на пат за Галичица, информираат од Црвен Крст Охрид.Од Црвен крст Охрид изразуваат огромна благодарност на граѓаните, на фирмите и на институциите коишто со своите донации ги поддржуваат натчовечките напори за гаснење на пожарот на Галичица.Црвен крст Охрид ја...
Вечер книжевен хепенинг за деца на плоштадот „Вангел Наумовски“
Post Views: 209 Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, вечер со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи книжевен хепенинг за деца.Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца.Предвидена е и музичка програма со дечињата од „Малите ѕвездички КА-2“ и фестивалот „Распеано рибарче“.
Позитивната листа дополнета со девет генерики првпат по 2014та година
Post Views: 292 Вчера (15.08.2024 година), Управниот одбор на Фондот, донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно, по форма и јачина фактички позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека. Ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за : крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем –...
Мицкоски со апел до граѓаните да не се вклучуваат доброволно во гаснењето на пожарот на Галичица бидејќи станува збор за опасен терен со многу експлозивни средства од минатите војни
Post Views: 235 Граѓаните кои сакаат како доброволци да се вклучат во гаснење на пожарот на Галичица, да не го прават тоа, апелираше денеска премиерот Мицкоски. Граѓаните да не влегуваат во процес во кој некој може да настрада бидејќи, како што рече, тоа е неповратен процес во кој нема цена што може да го врати изгубениот човечки живот.„Таму има оставено многу воена опрема, но и експлозивен материјал кој датира дури од времето на Првата светска војна. Може да се случи да бидат детонирани и некој човек да го изгуби својот живот и тоа е неповратен процес. Нискостеблестата...
СВР Билтен: нарушен јавен ред и мир во угостителски објект на Железничка, приведени две лица кои одгледувале канабис на паркинг простор
Post Views: 376 На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус” во Охрид, по преземени активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 и 46 годишни лица од Охрид. Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. -Лицата бea задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот...
Вечер што долго ќе се памети со пијанистките Ана Миерник и Јоана Сохачка
Post Views: 302 Традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“вчеравечер под сводовите на црквата „Света Софија“ донесе концерт за четирирачно пијано со уметниците Ана Миерник и Јоана Сохачка.На репертоарот беа внимателно одбрани композиции од Роберт Шуман, Петар Илич Чајковски, Игор Стравински, Сергеј Рахмањинов и од полскиот композитор Јан Падеревски, а прекрасната вечер беше заокружена со познатата композиција „Либертанго“ од Астор Пјацола.Пијанистката Јоана Сохачка, стручната критика ја опишува како уметник кој „Не само...
120 луѓе кои се борат со огнениот фронт на Галичица денеска ќе добијат помош од воздух од три авиони и хеликоптери
Post Views: 249 11 дена се вложуваат надчовечки напори да се држи под контрола огнената стихија која беснее на Галичица. На најнепристапен терен на 2100 мнв, каде е отежнато самото движење а камо ли дистрибуција на опрема и вода и било што друго, 11 дена постојано делуваа околу 30 луѓе, а денеска бројката се искачи на 120 души. вели ренџерот од НП Галичица, Ѓуро Јовчески.– Конкретно во текот на денешниот ден е осигурана источната страна долж Преспанското езеро каде огнот беше влезен во букова шума. Се прават интензивно појаси со механизација. 40 луѓе се на позиција од...
Пецаков: пожарот на Галичица од македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места
Post Views: 230 Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека пожарот на планината Галичица од македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег.„Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух. Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето...