Skip to main content

Автор: инфодеск

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со постудени утра

Views: 144 Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 15 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Продолжи со читање

Охриѓани заглавени во темнина: Граѓаните апелираат за подобро улично осветлување во центарот на градот

Views: 516 Граѓаните на Охрид алармираат за лошото улично осветлување кое ја прави безбедноста на улиците загрозена, особено во вечерните часови. Според сведоштва, улиците во близина на економското училиште, како и околу општинската зграда, се претемни, а светлината дури и по главните улици е многу слаба. Многу граѓани, а особено учениците, се принудени да користат светлото на мобилните телефони за да го најдат патот до дома.-Здраво, не знам дали рубрикава уште е во функција, ама ако не е да ја активирате. Имено, сакав да апелирам за уличното осветлување. Улиците се...

Продолжи со читање

Одржана втората седница на новиот совет на Општина Охрид

Views: 65 Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска.Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизаам,  комисијата за општествени дејности, комисијата за туризам и локален...

Продолжи со читање

Кривична пријава за напад на полицаец за време на контрола на риболов во Струга

Views: 172  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“.– На 27 октомври 2025 година, полициски службеници го затекнале пријавениот со повеќе лица при незаконит риболов на Црн Дрим, при што тој физички нападнал еден полициски службеник, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Примопредавање на градоначалничката функција, Златко Сиљаноски е официјално градоначалник на Општина Дебрца

Views: 95 Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното  примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски.-На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех во работата на својот наследник, изразувајќи уверување дека Општината ќе продолжи да се...

Продолжи со читање

Четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Views: 99  Во рамки на предвидениот план и програма за работа , денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид.Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината.Во пријатна атмосвера градоначалникот Пецаков ги сослуша и одговараше на сите прашања што  му ги поставуваа децата.Денешната посета на учениците е во...

Продолжи со читање

Хуманоста на дело: 150.000 денари од хуманитарните паркинзи ќе бидат донирани на нашиот сограѓанин Ивица Попоски

Views: 76 Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки.Инаку, Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство.Донации може да се уплатат на:Трансакциска сметка: Комерцијална Банка 300017121388653Девизна сметка: 02-307-0699762.3Број за донација Телеком Мк 143107Број за донација А1 143474.Градоначалникот Пецаков додава и дека 50.000 денари собрани од турнирот „Ohrid FREED...

Продолжи со читање

Од денес започнува пријавувањето за јубилејното 10-то издание на „Охрид трчаТ“

Views: 179 Од денес официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 година.„Охрид трчаТ“ слави 10 години постоење, инспирација, пријателства и незаборавни моменти што го претворија настанот во вистински симбол на заедништво, енергија и љубов кон трчањето и градот Охрид.-Во изминатата деценија, низ улиците на нашиот град поминаа илјадници тркачи од земјата и од светот. Заедно создадовме движење кое ги поврзува луѓето, ги руши границите и ја...

Продолжи со читање