Skip to main content

Автор: инфодеск

На Галичица огнена стихија веќе 10 дена

Post Views: 222 15 волонтери на планинската спасителна служба при Црвен Крст и Алпинистичкиот клуб Патагонија од Охрид заедно со девет припадници на ренџерската служба на Националниот парк Галичица со три теренски возила и едно специјално, како и обезбедување логистика со храна и вода за сите учесници во гаснењето на пожарот, обезбедена од сопствениот скромен буџет и неколку компании донатори,, се во постојана битка со огнената стихија која веќе 10 дена беснее во високите предели на Галичица. Пожарот е јасно видлив и од охридската страна, кој претходно гореше од страната на...

Продолжи со читање

Книжевен хепенинг за деца

Post Views: 303 Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, утре на 16.08.2024 година со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца.Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца.Предвидена е и музичка програма со дечињата од „Малите ѕвездички КА-2“ и фестивалот „Распеано рибарче“.

Продолжи со читање

УХМР: Денес сончево и многу топло, ќе дува слаб до умерен ветер

Post Views: 284 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со силен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 19 до 35 степени, а УВ индексот ќе биде 8.И утре ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.Од утре во попладневните и вечерните часови во Македонија ќе има локална појава на нестабилност со...

Продолжи со читање

Марта Пејоска – Треба да градиме посебен однос кон луѓето и местото во кое живееме

Post Views: 867 Марта Пејоска е дипломиран инженер архитект, дизајнер и изработувач на филигран, сопственик на галерија, едриличар, волонтер – спасител во Планинска спасителна служба.Таа за Охрид вели дека е многу убав град за живеење, иако пред 15тина години не се замислувала воопшто дека би можела да живее овде бидејќи не го препознавала капацитетот од други светски места кои таа имала можност да ги посети и види.За Заедницата Има Многу Лица раскажува како таа се одлучила да го избере филигранството како нејзина професија и да го претставува Охрид пред...

Продолжи со читање

Долга листа на пациенти за трансплантација, а малку донори

Post Views: 283 Потребно е итно  формирање на тимовите за трансплантација во земјава. Два месеци нема трансплантации на органи, велат од НЗ Храбро срце, одбележувајќи го Денот на органодарителство.Дваесет пациенти со механичка поддршка на срце чекаат транспллантација, ваков оперативен зафат се уште  не е направен во земјава.-Ние немаме ништо друго што да преземеме освен да бидеме гласни да не слушнат надлежните и да преземат чекори со кои што би овозможиле услови да биде трансплантиран и пациент со механичка пумпа. Вос ветот овие пациенти се рпиоритет бр 1...

Продолжи со читање

Стара рачна бомба пронајдена кај Пештани

Post Views: 303 На 13.08.2024 во 18.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридското езеро кај охридското село Пештани извадена е стара рачна бомба, која подоцна била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Продолжи со читање

Во Струга пријави за нарушен јавен ред и мир со физички напад и за кражба

Post Views: 387 На 13.08.2024 во 17.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во хотел во Струга е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 27 годишно лице врз 53 годишно лице од Струга. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 13.08.2024 во продажен објект во Струга, при извршување на кривично дело „кражба” била затекната 54 годишна стружанка. Одземените производи се вратени на одговорното лице во објектот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Охридско Езеро и Кањон Матка ќе се прогласат за споменик на природата

Post Views: 306 Македонското Собрание во текот на вчерашниот ден разгледа закони од областа на животната средина во прво читање со кои три природни локалитети во земјава добиваат посебен заштитен статус.Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата, додека за Охридското Езеро ваква одлука беше донесена во...

Продолжи со читање

Полска вечер со концерт за четирирачно пијано

Post Views: 230 Фестивалот „Охридско лето“  ја продолжува музичката програма вечерва со настапот на  пијанистките Ана Миерник и Јоана Сохачка. Концертот за четирирачно пијаново ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот и е во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот што секоја година се одржува со поддршка на Амбасадата на  Република Полска во Скопје.Ана Миерник досега има настапувано на пет континенти и во 38 земји во светот. Во 2015 година настапува во Карнеги Хол во Њујорк во салата за рецитали „Вајл“. Одржува концерти во престижни...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањетo во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2

Post Views: 314 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2.Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

УХМР: денес времето сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Post Views: 221 Денес времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја на државата. Температурите ќе се движат во интервал од 19 до 35 степени Целзиусови, а UV индексот ќе биде 8.До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи...

Продолжи со читање

Охрид го чествува ликот и делото на големиот писател Живко Чинго

Post Views: 367 Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец.Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“.Во името на Општина Охрид свoј говор пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник.– Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски...

Продолжи со читање