Skip to main content

Автор: инфодеск

Свикана шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 67 Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.     За...

Продолжи со читање

Државна изборна комисија

ДИК ги потврди и објави кандидатските листи за локалните избори

Post Views: 136 Државната изборна комисија ги потврди листите на кандидати за градоначалници и листите за советници за локалните избори кои ќе се одржат на 19ти октомври. Утре ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати односно на гласачкото ливче.Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје се 303  а за членови на советите на општините и советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи.Сите потврдени кандидатски листи ТУКА.За Охрид...

Продолжи со читање

32 кривични пријави во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 56 лица

Post Views: 140 Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави.Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до...

Продолжи со читање

Свр охрид

Во сообраќајна несреќа на ул.„7 Ноември” тешко повредени две лица

Post Views: 40 На 22.09.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од осумнаесетгодишник од Охрид и патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишно лице од селото Велгошти, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата сопатничка, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо”, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при Европската комисија ќе говорат на 7-та „ЕдуКонференција“ во Струга

Post Views: 56 Вештачката интелигенција и технологијата во образованието ќе бидат во фокус на седмото издание на една од најголемите и највлијателните образовни конференции во Македонија, „ЕдуКонференција25“, која ќе се одржи на 27 и 28 септември во хотелот „Дрим“ во Струга. Георги Димитров, раководител на одделението „Дигитално Образование“ при Европската комисија ќе биде главен говорник и официјално ќе ја отвори конференцијата. Специјални гости ќе бидат Емре Едај и Риза Толга Јилдирим, директори на вселенскиот камп на НАСА во Турција, но ќе говорат и повеќе од 20 професионалци...

Продолжи со читање

„Приказната за Силјан“ на Котевска – прв македонски филм на National Geographic

Post Views: 84 „Приказната за Силјан“, најновото дело на режисерката Тамара Котевска, е откупено од National Geographic Documentary Films, една од најпрестижните светски куќи за документаристика.За прв пат македонски филм влегува во глобалниот каталог на National Geographic, што значи дека ќе биде достапен на публиката во над 170 земји преку мрежата на National Geographic, Disney+ и Hulu, со силна фестивалска и маркетинг поддршка.Во срцето на рурална Северна Македонија, Никола, земјоделец кој се бори со суровата реалност на новите владини политики, спасува ранет бел штрк...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 27 степени

Post Views: 47 Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени.До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Прекин вода

Утре „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ и „АСНОМ“ повеќе часа без вода, ќе се изведува поголем технички зафат

Post Views: 62 Поради изведување на поголем технички зафат во кругот на средното угостителско училиште, на ден 23.09.2025 година (Вторник), од 08:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ и „АСНОМ“, информираат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање