Автор: инфодеск
Post Views: 188 Денес во куќата на Уранија во Охрид, во присуство на претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, претседателот на МАНУ академик Живко Попов и бројни дипломатски претставници, свечено беше врачена Светската награда на хуманизмот на Никола Петровиќ Његош, Принц на Црна Гора. Неговата екселенција е претседател на Фондацијата Његош, која е во тесна соработка со Обединетите нации и УНЕСКО во реализација на значајни меѓународни проекти од областа на хуманизмот и го организира Интернационалното биенале на уметноста во Кралскиот дворец во...
Претставата за деца ,,Далматинко дизајнерот” вечерва во 21:00 на сцената кај ТЦ Амам
Post Views: 275 Претставата за деца ,,Далматинко дизајнерот” вечерва во 21:00 на сцената кај ТЦ Амам, како дел од проектот ,,За сите деца” поддржан од Општина Охрид.,,Далматинко дизајнерот” е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кои му ги приредуваат кученцето Тошко и комшивката Тетка Светле.Претставата пренесува моќна порака: Никого не потценувај во својот...
Одлука за спроведување стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на линиска инфраструктура со намена Е1.1.- локален пат од с.Лескоец до с.Горно Лакочереј и с. Долно Лакочереј
Post Views: 139 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18 , 89/22 и 171/22), Општина Охрид, на ден 09.08.2024г. донесе ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА СО НАМЕНА Е 1.1-ЛОКАЛЕН ПАТ ОД С. ЛЕСКОЕЦ ДО С. ГОРНО ЛАКОЧЕРЕЈ И С. ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ, КАКО НИЗ КО ОХРИД 4,КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ -ВОН ГРАД И КО ГОРНО...
Вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски
Post Views: 525 Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски.Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, во Скопје. Во 2013 година дипломира со највисока оценка Кум Лауде на...
Викендов ќе се одржи настанот Night car show
Post Views: 326 Над 200 примероци викендов ќе бидат изложени на втората изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили олд тајмери . Настанот Night car show со поддршка на општина Охрид ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.Покрај автомобили од земјава ќе има клубови и примероци од целиот Балкан.„Ќе се одржува...
Традиционални културни збиднувања во Пештани
Post Views: 321 Манифестацијата “Културно лето Пештани“традиционално ќе продолжи и оваа година. Сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.Свеченото отворање ќе биде на 10. Август 2024 година со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.Од 11. до 13.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.Манифестацијата ја организира и реализира...
Охрид ги чествува Св. Климент и Св. Пантелејмон
Post Views: 427 Денеска се празнува споменот на Свети Климент Охридски почитуван како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Св. Климeнт архиeпископ Oхридски – Учeник на свeтитe Мeтoдиј и Кирил. Пo смртта на св. Мeтoдиј, Климeнт, пoд притисoк на Гeрманитe, тргнал oд Мoравија на југ. Сo Гoразда, Наума, Сава и Ангeларија – ситe заeднo нарeчeни “Пeттoчислeници” гo пoминал Дунав, какo гoстин oстанал кај царoт Бoрис Михаил и пoтoа дoшoл вo oхридскиoт крај. Првo oснoвал манастир вo Бeлица, кадe штo му билo и нeгoвoтo првo eпискoпскo сeдиштe. Пoдoцна...
Проекција на документарецот „Охрид, Охрид убав мил“ на отворањето на Недела на Млади
Post Views: 232 По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, во понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил” на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.„Ова е серијал што ги истражува душевните...
Дијана Петрова е годинешниот добитник на наградата „Живко Чинго“
Post Views: 269 Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Ги објавила книгите: „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и...
Пронајдена и одземена марихуана кај 32 годишен охриѓанец на улицата „Даме Груев”
Post Views: 289 На 07.08.2024 во 10.35 часот на улица „Даме Груев” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 32 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Утре во дворот на Гимназијата свечено ќе се доделат дипломите на генерацијата 2023/2024
Post Views: 269 Утре, петок 9-ти Август со почеток во 19,30 часот во дворот на Гимназијата ќе се одржи свечено доделување на дипломите на матурантите генерација 2023/2024.
Во понеделник пред Палас ќе се одржи настанот STAND UP COMEDY NIGHT
Post Views: 271 Во организација на Општина Охрид, на 12.08.2024 –понеделник пред хотелот „Палас“ ќе се одржи настанот STAND UP COMEDY NIGHT на кој ќе настапат познатите стенд-ап комичари Бојан Велевски и Маријан Георгиевски.Шоуто започнува во 20:30 часот, а влезот е бесплатен.Настанот е дел од летната културна програма поддржана од Локалната самоуправа.